Ја простудирав темава, едно 4-5 дена, квалитетно. Како битно за мене и моето размислување, како и за оние кои мислаат да менуваат гуми, отстапувајќи од фабричките препораки за нивните возлиа, би издвоил нешто од gOJDO, а мислам дека има нешто и од velestrumf:
Со чкрипењето не се губи снагата на моторот, туку тоа значи дека при таа брзина на ротација физички карактеристики на гумите не се соодветни за да можат да се залепат за асвалтот. Односно тоа значи дека шоферот во случајов е детиште или кретен кој се ку*чи и трга со улетан мотор, ѓомти е на трка.
Со пошироки гуми се зголемува допирната површина, но истовремено и се намалува притисокот кон нагазната подлога по единица површина. Во летно време коефициентите на триење на материјалите(гума и асфалт) е многу голем, па така ќе се добие големо триење поради поголемата допирна површина, а тежината по единица површина ќе игра помала улога (во одземање на триењето). Во тој случај за да ги зашкрипиш тие гуми ќе треба повеќе снага (т.е. повеќе да го улеташ моторот на старт). Поради поголемото триење ќе се добие поголема стабилност во возењето, но истовремено ќе се зголемат оптеретувањата на моторот, осовините, зглобови и т.н. Ќе се намали акслерацијата, крајната брзина и економичноста на возилото.
Зимно време пак, при снег или подмрзнат асфалт, коефициентите на триење на материјалите (гума и подмрзнат асфалт) се многу мали, па тука улога игра тежината по единица нагазна површина. Со зголемување на површината тој се намалува, па така е помало триењето со подлогата. Ефектот со пошироките гуми ќе биде обратен во овој случај, т.е. широките гуми полесно ќе пролизгуваат од потесните и стабилноста ќе биде помала. Токму затоа се ставаат потесни зимски гуми.
Во секој случај, производителите на автомобили избираат димензии соодветно на карактеристиките на возилото, така што прават компромис помеѓу стабилноста и економичноста. Притоа, се подразбира дека возилото е превозно средство чија намена е патниците безбедно да ги пренесе од точка А до точка Б, а не играчка за деца во пубертет која им ја купил и им ја одржува тато(мења гуми и ламели, пуни гориво и сл.).
Така да тоа со чкрипењето од прва до трета се приказни кога педалата ќе ти биде залепена за патос и тоа не е реално сценарио. Сепак на возилото кое го спомуваш, кое има декалрирана 125КС максимална моќност, нема теорија да ти шкрипат 195-ки освен ако се излижани до максимум или возиш летни гуми во зима. Но во таков случај ќе ти чкрипат и 225-ките.
Околу влечењето и забрзувањето со 225-ките, тоа е само твоја субјективна перцепција, т.е. си во заблуда. Тоа е спротивно од физичките закони и фактите од реалноста.
Зависи во кој смисол се мисли помала и во кои услови. Ако се мисли во ширина и летно време, тогаш ќе имаш подобро забрзување и помала потрошувачка поради помалото триење. Зглобови, јабучици, осовини и тн. помалку ќе ги замараш. Но истовремено ќе изгубиш и на стабилност, односно возилото помалку ќе се лепи за асфалт. Па така при возње во кривини, ако возиш брзо возилото повеќе ќе ти се клиза по патот. Исто така ќе изгубиш и од карактеристиките во кочење. И на старт, ако тргаш ко да си на трка ќе ти пролизгуваат гумите повеќе.
Значи ширината е пред се компромис помеѓу стабилноста и економичноста и акселерацијата. Токму затоа постојат различни димензии на гуми и се ставаат на различни возила. На пример на некое мало/лесно возилце со мало моторче ќе видите мали и тенки гуми, а на некој голем/тежок ѕвер големи и пошиоркои гуми.
Профилот исто така игра улога. Со помал профил се добива дополнително на стабилност бидејќи се помали релативните деформации на гумите при возење, но повеќе се оптеретуваат махенизмите за управување и вожњата е потврда. Со поголем профил се добива на мекост, но и се губи на стабилност.
На крај, кога се бира гума за одредено возило не треба да се отстапува од пропишаните димензии, или ако веќе тоа се прави да нема драстични разлики. И тоа со 3% максимална препорачана варијација од дијаметарот на тркалото не е измислено поради погрешното покажување на километражата туку поради тоа што се менуваат возните карактерситики.
На крај, тие инжинерите во автомобилските компании не земаат плата за бадијала.
Да, темава отиде наваму-натаму. Како и да е тука сме за да размениме искуства, знаења и мислења. И покрај тоа што имам искуство со возење различни гуми и доста работи ги знам од теорија, сепак и мене ми требаше да седнам и да прочитам некои работи околу гумите и да поставам прашања по форуми и луѓе за да ми се доразјаснат нештата. Така да, нема ништо погрешно во дискусијата се додека е аргументирана и се додека не се префрли на лични навреди.
Поголеми или помали тркала од оние пропишани 3% не е паметно да се направи. Околу 195-ките и 225-ките, точно е дека тоа се фабрички димензии меѓутоа тука се земени в предвид и различните мотори. На пример од генерацијата на мојата мазда има и со фабрички 17-ки 225, ама не со мотор ко на мојата.
Околу 225 и 195, сигурно има драстична разлика во однос на триењето, оптеретувањето и забрзувањето. Всушност го потврдуваш истото со тоа што велиш дека 195-ката шлајфува, а 225 не. Самото тоа значи дека отпорот меѓу тркалото и подлогата е многу поголем. Најмногу тоа влијае на јабучици, зглобови и осовини при спора вожња и кривини, т.е. градска вожња. А најмалку на отворено и на рамно.
Е сега, ти немаш штета од тие гуми бидејќи се фабрички предвидени. Односно осовините, јабучиците и сите останати компоненти се дизјанирани за да ги носиш тие гуми. Ако ставиш помали гуми нема да им штети тоа на компонентите за управување. Но ако ставиш поголеми гуми/тркала извесно е дека можеш да го прееб*ш системот за управување по одреден број километри.
Оној делот со чкрипење или шлајфување од прва до трета со 195-ки е возможен на возило со декларирана маскимална снага од 125КС ако имаш возило со голем вртежен момент и под услов да тргнеш со залетан мотор и да ја притиснеш папучата до крај. Со атмосферски бензинец со тежина на Леон ќе шлајфуваш во прва, во втора ќе подшкрипнуваш, а во трета веќе нема да шкрипиш. Значи овде се подразбира дека ќе возиш со саглам гуми и дека ќе ја постигнеш максималната брзина за соодветниот степен на менувачот.
Да резимираме, физчки, според Њутновиот закон за акција и реакција, не е можно да добиеш на стабилност, т.е. колата да биде повеќе прилепена за патот, а да не изгубиш на акселерација, крајна брзина и економичност. Оние кои возат велосипед знаат што значи да возиш со тенки и дебели гуми, како во поглед на брзина и убрзување, така во поглед на губење на брзината во празен од, како и во поглед на мекоста на возење.
И за да ставиш поголем дијаметар треба да провериш дали е фабрички предвидено. Со поглем бандаш ги менуваш торзионите сили на осовините. Поголем дијаметар значи дека е потребен поголем момент за завртување на бандажите. Притоа при удари и нерамнини оптеретувањата ќе бидат поголеми. Гумата е еластична и таа ги ублажува ударите, односно колку е повеќе профилна до толку повеќе истите ќе бидат ублажени. Згора на тоа многу помалку страдаат упавувачките елементи со високопрофилни гуми. (Замисли што повеќе ќе те боли, ако некој ти удри бокс со боксерска ракавица или со ракавица за возење точак?)
Значи, фабрички пропишаните димензии не се случајно избрани. Ако пишува дека најголема димензија е за 15-ка бандаж, седи си на 15-ка и не се ку*чи со поголем. Кај мене за мојот модел вика 15-ка и 16-ка. Јас прво сакав да земам 17-ка, ама откако видов што и како значи тоа, сепак се одлучив да останам на 16-ка, поготово со оглед на димензиите и тежината на возилото.
Обратно е тоа со ударот. Ако те фукне со ракавица за возење точак може да ти скрши нос, аркада или слично. Ќе имаш скршеници или модринки на определени делови од фацата каде што е поголем притисокот од коските на раката од тој што те удрил.
Ако истото го направи со боксерска ракавица, поради мекоста на боксерската ракавица ударот ќе се распредели рамномерно по површината на ракавицата и нема да има точки на притисок кои ќе ти направат фрактура на фацата.
Исто е и со гумата. Кога ќе се фукнеш во дупка на патот, ударот најпрво ќе се апсорбира во неа благодарение на нејзината еластичност, а потоа порамномерно ќе се распредели и во поблага форма но на поголема површина ќе се пренесе на бандажот кој пак не е еластичен и без да ублажува истиот удар го пренесува на осовините, јабучиците, на шасија и тн.
Колку гумата е повисокопрофилна, до толку подобро ќе го апсорбира(потенцијална енергија) ударот и толку порамномерно ќе го пренесе(кинетичка енергија).
Понатаму, околу дијаметарот. Точно е дека при промената 65/15 на 55/16 дијаметарот на тркалото ќе остане горе-долу ист, т.е. колата нема да ја спуштиш или кренеш. Но не е точно дека силите ќе бидат исти. Бандажот е направен од крут материјал кој не се увиткува, додека пак гумата е мека и елеастична, па така може едноставно да се деформира.
Колку е повисокопрофилна, т.е. колку повеќе материјал е направен од гума, до толку поедноставно ќе биде деформирањето на гумата (всушност абсорбирање на удари, нагли завртувања, кочења и слично). Поради тоа и поради фактот што е поголем радиусот на бандажот (значи и поголем момент на самата обиколка од бандажот) торзионите сили на осовината кај поголем бандаж со пониско-профилна гума ќе бидат поголем во однос на помал со повисоко-профилан гума, за иста димензија на тркалата.
Ако дијаметарот и ширината на тркалото се запазени, нема да се изгуби на акселерација. Но затоа ќе се зголеми оптеретувањето на осовини, зглобови, јаболки, круши и тн.
Затоа и не се ставаат секакви бандажи и гуми. Потоа заради коњите и магарињата.
Со поголем бандаж нема да изгубиш во перформанси, но повеќе ја замараш инфраструктурата на возилото и побрзо ќе ти страдаат зглобови, јабучици, мабучици.
Ако го зголемиш дијаметарот на тркалото дефинитивно ќе изгубиш на акселерација од 0 до нешто, а можеби ќе добиеш на крајна брзина. Исто така го зголемуваш оптеретувањето на целиот пренос.
Субјективноста е многу голем фактор кој влијае на секој човек. Јас знам дека најлесните тркала нема да направат некоја разлика во реалноста, но исто знам дека неамортизираната тежина треба да се множи со два, а ротационата со 4. Па пак сакам најлесно можно тркало на светов да имам. Од друга страна факторот реалност доаѓа и ме мава со тесла во тил и ми вели дека високопрофилните гуми се многу пологичен избор за кај нас и за низ град општо. Полесно се поминува на нерамнини и помалку се пази на тротоар и дупки. Не се големи разликите, но зошто да ги нема.
Јас одам денес конечно да треснам летен алуминиум на моето возилце.
Апел до сите кои возат наоколу, неделиве ги пумпав гумите на коливе и беа бајаги издишани - напумпајте (препумпајте) си ги гумите на колата. Се работи за абење, напор, потрошувачка, сигурност итн. Која и да ја одберете гума треба да е соодветно препумпана.
Правилно складирање на гуми.Последици од неправилен притисок во гумата (пренапумпани, недоволно напумпани) и бенефит од правилен притисок во истите (според фабричките спецификации):

Исто така, научив дека:
Simo ги класифицира Континентал како најдобрите гуми направени во светот.
Deni ги пренапумпува гумите, надвор од дозволеното, според фабрички спецификации, односно напумпани му се како што би требало да бидат при максимално оптоварување на возилото, а тој никогаш не го товара до таа мера.
velestrumf ја препороди колата со една бројка поголеми бандажи и гуми.
Вулканизерите сите знаат дека идеален притисок во гумата е 2.0 бари.
Барумот на Cuore е најдобар сооднос вложено-добиено.
Falanga никогаш нема да стави Нексен гуми на своите возила, како и Дејтон и Вредестаин.
Мишелин Енерџи Сејвер без "+" се најголемо срање од гума.
Deni и Smichka сметаат дека скок од 195/60-R15 на 195/65-R15 нема никакво значење, иако тоа не е фабрички предвидено.
filipv менува гуми на макс 4 години или 40.000 километри, и става исклучиво премиум.
Општо, гуми се менуваат на 30.000-50.000 километри.
Луѓето не се замараат со правилно поставување на гумите, во поглед на ротацијата.
Класите на гуми се следните (овие ги издвојувам, пошто идат во предвид да ги ставам на мојата кола):
1. ПремиумContinental
Dunlop
Michelin
2. Класа подолеBarum (според Куоре, се искурназиле со цените)
BF Goodrich
Falken
Firestone
Fulda
Hankook
Nexen
Nokian
Toyo
Uniroyal
Yokohama
3. Трето разредниDebica
Sava
Semperit (аспирираат према горе, само што имаат малку висока цена)
4. Буџет класаGislaved (наводно, Швеѓаниве правеле одлични зимски гуми, а за летни никој ништо незнае)
Ако ми текне нешто фазла ќе додадам.
Иако сум прилично далеку од купување на гуми, сега засега, изборот ми е сведен на:
- Континентал КонтиЕкоКонтакт5 (по цена од 14.990 денари за сет од четири гуми);
- Ханкок КинерџиЕко (по цена од 3.907 денари парче);
- Гиславед Урбан Спид (по цена од 3.100 денари парче).
Ќе биде, дефинитивно, димензија 185/65-R15, заради постовите од gOJDO, како и упатството од колата. 195/65-R15 доаѓа во предвид, само кога би купувал зимски гуми, што се надевам дека ќе биде оваа сезона, здравје. Оние димензии кои сега ги возам (195/60-R15) отпаѓаат поради високата цена, како и мојата потрага по поудобно возење, со - за нијанса, повисок профил на гуми.
Прв избор (duh) би ми бил Континенталот (фала Simo), но тоа мора да се провери гумите кога се произведени, како се складирани, и дали им фали нешто што се продаваат по толку, релативно, ниска цена.
Ханкокот ми изгледаат како најреална опција, пошто одамна сум намерачен на Ханкок гуми, цената ми одговара, и не се сомневам дека ќе ги најдам со "свежа" дата на произвидство.
И трето, би ризикувал со Гиславед, да видиме конечно какви се летните нивни гуми, и во случај да не се стрпам да присоберам пари за претходните две опции, пошто овие се најевтини.