1. Сепак разликата е во корист на пошироките гуми.
не секогаш (види точка 2). И в ред, ама размисли, 1.8 метри од 100 до 0. Да се потсетиме на квадратната природа на равенката за кин. енергија? Ако од 100 до 0 е 1.8 метри, од 50 до нула колку ќе биде? 30 сантиметри? Поентата ми е дека таа разлика е толку мала, што никако не може да се „осети“ при возење, а уште помалку да се квалификува како „огромна“ разлика. А најмалку од све е причина да жртвувам грип тогаш кога највише кризирам со грип - на лизгава или растресита подлога. Не заборавај дека сите овие микроскопски кратења на патот на кочење важат исклучиво на сув асфалт - тогаш кога и онака имаш грип на претек.
2. Гледам внимателно и сметам дека 205/55/16 гумата е типична гума за Голф ГТИ од таа генерација. Кој сака нека си става 195 (резервна гума за таа генерација на голф). BTW, види што станува со G вредностите (типична ситуација - ненадејна промена на правец). Која од овие две 195 и 205 подобро се снаоѓа?
Но, сепак, останува непроменет податокот дека 195 има нешто пократок пат на кочење од 205, што не е ни толку битно. За фаќање кривини и самиот пишав дека пошироката гума е малку подобра. Битното е ова: dали тоа мало подобрување во брзите свиоци вреди да се компромитира гумата во сите други сценарија, вклучително и оние во кои грипот е начелно послаб и кога најчесто се случуваат пролизгувања??? Јас мислам не.
3. СЕКОЕ намалување на патот за кочење, па макар и за 25ЦМ е критично, значајно, битно за споменување и секако добра карактеристика. Не е за занемарување.
Во принцип се согласувам, меѓутоа во некои сценарија широка гума носи и зголемување на патот на кочење кога подлогата е мокра или растресита. Што праиме со ова? Ова е за занемарување? Размисли, кога е поверојатно да се сретнеш со границите на грипот? на сува асфалтна подлога, или на мокра/растресита подлога? Зашто би одбрал повеќе грип кога грип има на претек, наместо тогаш кога мањка?
Така, така. Сепак димензиите на гумата не се секогаш такви само заради масата на возилото, игра улога и цената и тн. Произведувачот пропишува димензии кои што се препорачани за возилото што не значи дека ако Поло (пример) дошло со 165ки за тој модел тоа е идеалната димензија.
Искрено, не верувам дека разликата во цената меѓу, да речеме, 175 и 185, а при други параметри исти, може да го објасни изборот на произведувачот. Па нема ваљда за 20-30 евра заштеда да усерува нешто толку круцијално како грип?
Еве една мала вежба: најди две верзии од една иста кола, со иста тежина и ист мотор, а фабрички со различна ширина на гумите.