Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 2439484 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45193
  • Il Moderatore
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2235 на: 28 Април 2013, 17:09:05 pm »
http://www.caranddriver.com/features/effects-of-upsized-wheels-and-tires-tested

Само види ги растојанијата на кочење како се намалуваат. од 133 на 126 фита. Тоа е 3 метри разлика чоече! Larger tires for me, секогаш!

1. Ако загледаш внимателно, ќе видиш дека таа разлика од  6 фита (што е 1.8, а не 3 метри) не е меѓу најшироката и најтенката, туку меѓу најшироката и помалку проширената.

2. Ако загледаш внимателно, ќе видиш дека 195/65 р15 и 205/55 р16, патот на кочење е нешто пократок кај првата, потенка гума.

3. од стотка  до нула разлика од помалку од 2 (два) метри и тоа при најголемата , а не типичната разлика меѓу овие гуми  не е доволно значајна да го оправда значајно зголемениот ризик од губење тракција при растресита подлога и аквапланинг.

Со други зборови, за маргинални добивки во ретки сценарија се плаќа цена од не-маргинални загуби во не-ретки сценарија.

Кој како сака.

1. Сепак разликата е во корист на пошироките гуми.
2. Гледам внимателно и сметам дека 205/55/16 гумата е типична гума за Голф ГТИ од таа генерација. Кој сака нека си става 195 (резервна гума за таа генерација на голф). BTW, види што станува со G вредностите (типична ситуација - ненадејна промена на правец). Која од овие две 195 и 205 подобро се снаоѓа?
3. СЕКОЕ намалување на патот за кочење, па макар и за 25ЦМ е критично, значајно, битно за споменување и секако добра карактеристика. Не е за занемарување.

Твоја кола, твои гуми. Јас досега не сум искусил ниту еден единствен зголемен ризик со зголемување на димензиите, почнувајќи од Лада Самара, Пунто, ZX, Стило, се` до Алфа Ромео. Ако некој ме праша, искрено ќе му препорачам со здрав разум и чиста свест зголемување на една димензија на бандаш и 20mm на ширина на гума.  
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2236 на: 28 Април 2013, 17:19:25 pm »
Поло е тоа, која е поентата на таа кола ако стави гуми кои се скапи и со кои ќе се троши повеќе гориво?

Значи кола која е произведена да биде штедлива и да брка работа а не у кривини да ја бркаш.

Само затоа носи таква гума. Затоа и у каталог вика може пошироки...

Дури и на алфата кај мене стандарт е 185. Разликта во стабилност од 215 е огромна.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2237 на: 28 Април 2013, 17:24:55 pm »
Поло е тоа, која е поентата на таа кола ако стави гуми кои се скапи и со кои ќе се троши повеќе гориво?

Значи кола која е произведена да биде штедлива и да брка работа а не у кривини да ја бркаш.

Само затоа носи таква гума. Затоа и у каталог вика може пошироки...

Дури и на алфата кај мене стандарт е 185. Разликта во стабилност од 215 е огромна.
1. Потрошеното гориво е симболично повеќе.
2. Штедлива? Само ако е со плин.
3. Не се скапи, слична е цената.
4. Изгледот на колата ЗНАЧИТЕЛНО се подобрува, како и кочење, држење во кривини, и пред се изгледот се подобрува (што е една и сама по себе доволна причина).

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2238 на: 28 Април 2013, 17:28:08 pm »
Зборам од гледна точка на производителот. Се се зима во обзир нема незначително. Ти мислиш они глупи се не знаат да турат стандарт 195ки...

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2239 на: 28 Април 2013, 17:29:20 pm »
тргнувајќи од тоа дека им е поефтино да турат помала димензија и потенки гуми,се е кажано

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2240 на: 28 Април 2013, 17:42:31 pm »
Само им е поефтино, иначе не се будали на истата кола со 1.6 мотор да стават 195ки ако се полоши.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2241 на: 28 Април 2013, 17:54:36 pm »
Значи кога јас би ги менувал во иднина гумиве, да ставам 165/70-13 и на тој начин би биле 10 mm пошироки и 17 mm пониски од сегашниве што ги возам.
Ке ја личи поубаво :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2242 на: 28 Април 2013, 17:56:21 pm »
1. Сепак разликата е во корист на пошироките гуми.

не секогаш (види точка 2). И в ред, ама размисли, 1.8 метри од 100 до 0. Да се потсетиме на квадратната природа на равенката за кин. енергија? Ако од 100 до 0 е 1.8 метри, од 50 до нула колку ќе биде? 30 сантиметри? Поентата ми е дека таа разлика е толку мала, што никако не може да се „осети“ при возење, а уште помалку да се квалификува како „огромна“ разлика. А најмалку од све е причина да жртвувам грип тогаш кога највише кризирам со грип - на лизгава или растресита подлога. Не заборавај дека сите овие микроскопски кратења на патот на кочење важат исклучиво на сув асфалт - тогаш кога и онака имаш грип на претек.

2. Гледам внимателно и сметам дека 205/55/16 гумата е типична гума за Голф ГТИ од таа генерација. Кој сака нека си става 195 (резервна гума за таа генерација на голф). BTW, види што станува со G вредностите (типична ситуација - ненадејна промена на правец). Која од овие две 195 и 205 подобро се снаоѓа?

Но, сепак, останува непроменет податокот дека 195 има нешто пократок пат на кочење од 205, што не е ни толку битно. За фаќање кривини и самиот пишав дека пошироката гума е малку подобра. Битното е ова: dали тоа мало подобрување во брзите свиоци вреди да се компромитира гумата во сите други сценарија, вклучително и оние во кои грипот е начелно послаб и кога најчесто се случуваат пролизгувања??? Јас мислам не.

3. СЕКОЕ намалување на патот за кочење, па макар и за 25ЦМ е критично, значајно, битно за споменување и секако добра карактеристика. Не е за занемарување.

Во принцип се согласувам, меѓутоа во некои сценарија широка гума носи и зголемување на патот на кочење кога подлогата е мокра или растресита. Што праиме со ова? Ова е за занемарување? Размисли, кога е поверојатно да се сретнеш со границите на грипот? на сува асфалтна подлога, или на мокра/растресита подлога? Зашто би одбрал повеќе грип кога грип има на претек, наместо тогаш кога мањка?

Така, така. Сепак димензиите на гумата не се секогаш такви само заради масата на возилото, игра улога и цената и тн. Произведувачот пропишува димензии кои што се препорачани за возилото што не значи дека ако Поло (пример) дошло со 165ки за тој модел тоа е идеалната димензија.

Искрено, не верувам дека разликата во цената меѓу, да речеме, 175 и 185, а при други параметри исти, може да го објасни изборот на произведувачот. Па нема ваљда за 20-30 евра заштеда да усерува нешто толку круцијално како грип?

Еве една мала вежба: најди две верзии од една иста кола, со иста тежина и ист мотор, а фабрички со различна ширина на гумите.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30821
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2243 на: 28 Април 2013, 17:57:45 pm »
Филип, и така имаш зимски гуми. Тие нека бидат потесни, а летните пошироки. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2244 на: 28 Април 2013, 17:58:50 pm »
Ај ова за мокра или растресита на писмено ако може. Пошто кај мене не е така во пракса, тоа си знам, ама чисто теоретски да си прочитам.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2245 на: 28 Април 2013, 18:00:11 pm »
Филип, и така имаш зимски гуми. Тие нека бидат потесни, а летните пошироки. :)

На мене ми се обракаш или на имењакот филипв ? :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30821
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2246 на: 28 Април 2013, 18:05:13 pm »
Не сум знаел дека се викаш Филип. На форум им се обраќам на луѓето според никнејмовите, односно во овој случај на филипв. :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2247 на: 28 Април 2013, 18:08:43 pm »
Епа вака и во реален живот ме викаат, фило :D Шо мислевте, од кај доага ников што го иам :)

Па чекај, нели дојдов на пиво тогаш, се запознавме, како незнаеш како сум се викал ?? цццц  :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45193
  • Il Moderatore
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2248 на: 28 Април 2013, 18:11:56 pm »
Еве една мала вежба: најди две верзии од една иста кола, со иста тежина и ист мотор, а фабрички со различна ширина на гумите.

Еве конкретно, Fiat Bravo 1.4 16V 90hp и Fiat Bravo 1.4 t-jet 150hp. Тежина (речиси) иста, ептен мала разлика. Едниов основен модел носи стандард 195/65/15 челичаана, другиов носи 225/45/17.

За чудо, и 1.9 multijet 150hp кој е доста потежок носи 225/45/17.

Damn you FIAT, you`re making it wrong!

BTW, ако ја земеш 1.4 16v 90hp со Sport пакет, ги добиваш фенси 17-ките со 225/45 гума ;)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2249 на: 28 Април 2013, 18:18:47 pm »
Еве една мала вежба: најди две верзии од една иста кола, со иста тежина и ист мотор, а фабрички со различна ширина на гумите.

Еве конкретно, Fiat Bravo 1.4 16V 90hp и Fiat Bravo 1.4 t-jet 150hp. Тежина (речиси) иста, ептен мала разлика. Едниов основен модел носи стандард 195/65/15 челичаана, другиов носи 225/45/17.

Да, многу ист мотор... Се разбира дека помоќната кола ќе има пошироки гуми, бидејќи кај нејзе кантарот е друг (ради квадратната равенка за енергија), па оптоварувањето на предните тркала при кочење ради различниот импулс ќе биде многу различно.

Мислев на иста кола, со ист мотор, а - да речеме - различно ниво на опрема, т.е. цена. Ако ставаат потенки гуми ради штедење - ваљда у поскапата варијанта ќе стават пошироки гуми, а? Или не?

Знам дека кога купував кордоба на времето, имаше 3 пакета на опрема, а истиот мотор. Разликата во цената беше (ако добро се сеќавам) скоро 5000 евра, но ширината на гумата беше и во двата случаи иста. А во 5000 евра разлика ќе влезе и едно различе во цена меѓу 185 и 205, да речеме.