Ако е така, тогаш ниедно мислење или тврдење на форумов ништо не значи, пошто не е дел од официјален/мега тест.
Ако не се лажам, ова е од tyrereviews.co.uk, и доста релевантен извор на информации.
tyrereviews е колекција на мислења од луѓе, често пати противречни меѓу себе (еден ја фали, друг ја срами истата гума)
повеќе ми се допаѓаат „лабораториски“ тестови со запазен научен метод и систематичност, како оние на adac.
луѓето не ги тестираат гумите со запазени експериментални услови, па така резултатите можат да се сметаат за мање-више рандом.
- афкорс.
- не, туку реални услови и доживувања. Џабе ми е експериментално одлична гума, што у реален свет за такво не ја бива.
доколку експериментите не кореспондираат со реалноста, тогаш се фалични експерименти.
реалните доживувања се сублимат од еден куп, миљон фактори, од кои гумите се само еден. На пример, некоја гума добива одлични оценки на адац, но на тр некој ја пцуе пошто му лизгала.
Но, од кај знаеш дека скапаното уличе во село Пичковец по кое он секој ден вози нема константно филм од мазут или говна? Па му лизгале гумите. Или од камчињата брзо му се абеле. Од кај знаеш дека некоја друга гума немала уште повеќе да му лизга?
Затоа, анегдоти се едно, но систематско тестирање друго.
Се разбира дека и јас би прочитал луѓето на тр што пишуваат, но доколку упаднам во ситуација луѓето на тр да пишуваат едно, а адац друго - давам предност на адац.