Денес имав интересна случка со Мотоцентар. Колата ми е носена 3 пати на балансирање, кажано ми е дека немам крив бандаж и дека гумите се ок, наплатени 3 балансирања, последното на 22 Март. Од тогаш колата не е возена на отворено и не ми тресела на 130 како претходно, па вчера пак ми тресеше до 160. Се пожалив во Мотоцентар Скипје и малку налутено раководителот од Прилеп ми рече дека не гарантирал за нешто сработено пред 3 месеци. Ми рече да ја возам 2 недели на отворено на различни брзини на подобар пат (ќе се случи тоа деновиве) и ми гарантира 2, а максимум 3 недели за балансирањето. Ми ги извадија капачињата од бандажите и ми рекоа дека и тие може да прават проблем (лепени ми се), па да видиме.
Друже мене голфот ми тресеше кога го купив на голема брзина (120++). Тресењето не доаѓа само од гуми/бандажи да знаеш.
Јас имав 1 крив бандаж кога ги проверував, сменив 4 нови гуми. (кинески ефтини ставив)
Сменив лагери, стабилизатори, полуосовината ми ја ставија на машина што ја врти за да се види дали е крива.
Еве 2 години возам нема никакво тресење на автопат при голема брзина 180-190.
Такада види од ова што го спомнав дали ти е сменето. Ја не би одел на балансирање пак, пошто секако 3 пати си го направил тоа.
Едино ако не ти е центрирана како што треба може и тоа да биде проблем.