Мислам дека има општо недоразбирање и многу луѓе лично си ги сфаќаат работите.
Прво, ако правиме споредба на гуми, секако дека оние што се добри и квалитетни, генрално се премиум гуми. Буџет гумите се инфериорни во секој поглед и на секој тест и дури и од лични искуства на луѓето тука.
Второ, кога некој прашува за совет за гуми, без да се каже соодветен буџет, секако дека прво ќе бидат предложени најдобрите во соодветните димензии. Ако некој каже ферски „дечки немам пари, сакам нови гуми“ тогаш е друг муабет. Се предлагаат разни опции во рамки на изразениот буџет.
Трето, кога некој ќе каже „купив канта гуми, ама мене ми се најбољи зошто јас точак возам, овие се само колата да ми ја држат над земја“, пак ќе се најде некое разбирање.
И четврто, кога некој ќе купи буџет гуми и ќе кажува дека е исто како со премиум - е тука е проблемот. Демек другиве глупи се што купуваат од најскупата пршута коа може и Поли салама. Исто ќе не' најаде, стомакот ќе го напуниме, ем 30 пати поефтино ќе се помине. Е па нормално дека тука ќе пукне тиквата и ќе се распламти дискусија.
Купете си го тоа што мислите, според вашите желби и можности, и не нудете оправдувња за вашиот избор. И уште побитно, не го критикувајте изборот на другите. За све тоа важи. Не само за гуми.