на германски аутобан отприлика кај Кајзерслаутерн ми се јави сензорот за гуми, среќа одма следен излез беше градот.
па проверка и во гумата штраф напред десно, промена со континентал ултраконтакт бидејќи немапе мишелин прајмаси ок.
тргнувам пак на аутобан, после 15мин., на отпрлика 160-180км/ч ми пука гума предна десна, директно на аутобан, ме шлепаат до градот Вормс, немаат мишелин прајмаси ми ставаат континентал премиумконтакт
така да сега имам две напред мишелин прајмаси и две конти назад
не знам кој пат да го фатам
како е можно гума да пукне две сезони стара 205/55 91V R16 кога 91V e do 240kmh одобрена?
напумпани беа напред 2,6 назад 3,1
гумите беа заменети (зимски со летни) еден ден пред да тргнам на пат, можно ли е тоа да има влијание?