Со предните гуми кочиш, вртиш…
Уште бараш статија?
Употреби малце логика да го е*ам
Ајде, јас нема да те дриблам, туку ќе пробам да ти објаснам. Се надевам дека ќе разбереш и ќе научиш нешто.
Кога се менуваат гуми, најдобро е да се сменат сите четири одеднаш (и редовно да се ротираат предни-задни за трошењето да биде еднакво) - за тракцијата да биде еднаква на сите тркала. Ако веќе се менуваат само две гуми, се препорачува подобрите (поновите) гуми да се стават на задните тркала.
Зошто? Баш заради тоа што го спомна самиот - ако подобрите гуми ги ставиш напред, ќе имаш подобра тракција напред отколку позади - а тоа ќе резултира со значителен oversteer и во кривини и во несакани ситуации кога треба брзо да изреагираш. Во суштина, истата прича со ставање зимски гуми само на предните тркала и возење на снег, само не до толку нагласено.
Не е страшно, сите грешиме, важното е да научиме.