Ги монтирав CrossClimate 2 и прв впечаток со возење низ град ми е дека управувањето е постегнато, но и дека комфорот е намален. Е сега не знам колку од ова се должи на тежинскиот индекс од 88 наспрема 84 кај претходните гуми, а колку на самаиот инжинеринг на гумата.
Иначе кога ги носев на вулканизер ме изненади колку беше мек страничниот ѕид од гумата....Мислев дека ќе пливаат на возење а добивам комплетно спротивен впечаток.
Е сега гледам дека уште се прекувате за летни, зимски и allseason гуми. Како што ви споменав, детално ги разгледав сите тестови и резултати на AutoBuild и ги рангирав по критериуми соодветни на моето сценарио..
Летните гуми за летно време се супериорни во однос на allseason гумите. Ете и на тестовите на AutoBuild на пример кочењето од 100км на 0 е многу помало во однос на allseason гумите. Е сега колку е тоа стварно помало е малку дискутабилно бидеќи тестот е на различна димензија а мислам и со различно и потешко возило кај allseason гумите. Едино CrossClimate 2 успеваше да направи добар резултат на овој тест, дури и подобар од некои летни гуми ако добро се сеќавам.
Е сега некој оваа ситуација може да ја користи како аргумент, ама по таа логика пак не треба да се купува ништо друго освен Hankook, гума која мислам дека беше најдобра на тестот. Значи ништо од Continental, Goodyear и сл. Од друга страна пак за некој вози 90% од времето во град и тешко дека ќе вози со брзина поголема од 60-70км растојанието помеѓу најдобрата и најлошата гума се намалува.
Allseason гумите пак се супериорни во однос на зимските гуми и во кочење на суво, мислам дека беа и подобри во однос на кочење на влажно и аквапланинг и тоа најверојатно под исти услови е уште повеќе изразено....90% од зимскиот период се вози под вакви услови. Јас не знам низ град дали последниве 5-10 години имам возено на снег, повеќе од 5 дена. Дури и на снег, кочењето и тракцијата кај некои allseason гуми беа подобри во однос на на зимските.
Така да секој избор е компромис....и....секој со своја математика....