Еве што се случува со гумата (како материјал).
Значи, зимската се карактеризира со мека гума, за разлика од летните кои се стврднуваат на ниски температури.
Но зимските ако се возат на високи температури имаат премеки карактеристики. Не е кажано во видеото, но по возењето на летни температури, гумата од зимските се стврднува (иако е помека за на лето) и засекогаш ја губат мекоста што е потребна за на
снегИ тука доаѓаме до олсизнот чија гума е некаде на средина, исто како и дизајнот на шарата.
По неколку печења на летни температури, за на
снег ќе бидат дискутабилни.
Впрочем, лично го имам искусено намалувањето на грипот за на
снег кога возев олсизн, и еден куп другари, роднини и комшии.
Од ланското снегче (на со денови очистени главни сообраќајници) имам за раскажување неколку случки на заглавување на коли низ споредни неочистени улици, при што сум излегувал од кола да помогнам со буткање, и се испоставивало дека колите се екипирани со олсизн.
Или поинаку да се изразам, ако се вози по рамни делници (Ѓорче -Аеродром) и не е толку страшно, секако ќе бидат подобри од летните, но ако е потребно за некоја угорница, боље остави ја колата дома дур не се стопи снегчето.