Проблемот е што никој не ги мери на вага која колку тежи.
Кога ќе почнат да се мерат, а не гледам посебна причина јутуберите да не ги мерат, тогаш ќе може да се прави подетална анализа околу смесите на гумите кој сепак може да биде „некаков“ индикатор. Во една ексел табела може да се групираат и по тежина и век на траење. Дали тежината може да биде клучен фактор за векот на траење, тоа не може никој да го каже, затоа што таков „тест“ до сега не е направен. Тежината исто така може да се мери после секоја извозена сезона. Ниту можеме да потврдиме и ниту да демантираме дека ова може да даде клучни одговори при избор на нови/стари гуми.

Сите се осврнуваат на сигурноста и удобноста во моментот на тестирање и тоа на нови гуми, а колку тие особини ќе можат да му служат на возачот, тоа е тешко да се дознае. Зошто никој не се занимава со ова прашање, тоа најдобро јутуберите го знаат. Дали тоа му е неатрактивен топик за некој да го гледа видеото, не знам. На ADAC тестовите кои ги сметаат за најмеродавни не знам зошто до сега не објавиле вакво инфо. Дали имаат некаков договор со производителите или не, повторно е тешко да се каже ама останува нејасно дали тежината може да даде некаков одговор не само за век на траење туку и за сигурност/удобност кај обичниот потрошувач пошто реално ниту еден производител нема да објави што смеси/мешавини користеле.
И сето ова е тајна која се продава на пазарот.
