Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1994028 пати)

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10350 на: 24 Јули 2020, 17:36:00 pm »
Го пратам контекстот на муабетот. Членот си се одлучи за сава УХП гуми а не за туринг, па ти видно потресен, во постот подоле ги тангираш сите потенцијални купци на спортски гуми.
Не знам што очекуваш, ваљда да се сложат сите со тебе.

Ја не препорачав ниту една гума, туку се сложив со членот дека нема ништо лошо да се препорача туринг гума, па така да незнам како тоа "демек од мене било пишано". Ама добро најдобра одбрана е нападот нели ;D

Ја напуштам дискусијава, а ти слободно можеш да го однесеш муабетот у насока која тебе највеќе би ти одговарала, дали тоа било за рејнџови, или пак мерцедеси со 400 кс, па после тоа како кс немаат вркса, си знаеш ти , да не ти давам идеи ;D

Over and out.
Не побарав да се сложат сите со мене, само пишав дека спортски гуми за Opel Astra J не се, дека е подобро туринг гума по можност Ventus Prime 3 k125, а уште подобро е Brigdgestone t005. А ти направи драма од сето тоа. Ако ти било досадно те разбирам ама важно на крајот се разбравме.
А во врска со текот на дискусијата, ти почна да ја водиш во друга насока која беше непотребна затоа што и ти се согласи на крајот за туринг гума!

Па веќе ако на некој му се препорачува туринг гума зошто не земе барем премиум класа од премиум бренд која е за нијанса поскапа од k125. :-\
Толку беше муабетот! КС и други карактеристики ти ги спомна, не јас. Па сега согледа дека е безвезе да се тера таков муабет кога членот погоре вози ASTRA J.

И пак не сфатив што ќе ви се спортски гуми?  :-[

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10351 на: 24 Јули 2020, 17:43:23 pm »
Ти си изгледа нов на форумов, не е битно што возиш ама е најбитно да имаш Мишелин пилот спорт или Континентал Спорт Контакт. Дали колата имала 50, 100, или 150кс мање више битно. Мора да биде спортски премиум зошто така можеш да се курчиш во град и да возиш брзо, сепак нели добиваш 2 метра екстра на кочење со спортски гуми, а тие значат живот или смрт алооо!!! :)

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10352 на: 24 Јули 2020, 17:45:55 pm »
« Последно менување: 24 Јули 2020, 18:15:16 pm vandex »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10353 на: 24 Јули 2020, 20:25:03 pm »
Ти си изгледа нов на форумов, не е битно што возиш ама е најбитно да имаш Мишелин пилот спорт или Континентал Спорт Контакт. Дали колата имала 50, 100, или 150кс мање више битно. Мора да биде спортски премиум зошто така можеш да се курчиш во град и да возиш брзо, сепак нели добиваш 2 метра екстра на кочење со спортски гуми, а тие значат живот или смрт алооо!!! :)

Иако се обидуваш да бидеш саркастичен, импресивно е колку си во право за перформансите на гумите.

Јас (субјективно) го делам следното мислење - тие четири правоаголници контактна површина се единствениот физички контакт кој моето (скоро) 1.4 тони тешко возило го има со подлогата под него. Секогаш, ама секогаш ќе ги купам најдобрите гуми кои можам да си ги дозволам, без оглед на коњските сили. Дали мојата кола ќе го извлече максимумот од гумите? Најверојатно не. Ама подобро е тоа, отколку да го надминам максимумот на гумите.

И да, тие 2 метри разлика во кочење на 100 километри на час може да се само (измислувам) 0.5 метри при кочење од 50 на час, ама пак можат да направат разлика.

Не викам дека мора Conti или Michelin или некој супер-премиум бренд, си има одлични продукти со near-as-makes-no-difference перформанси за пониски цени, ама секогаш ќе разгледам споредбени тестови и секогаш ќе се обидам да го одберам она кое за буџетот кој можам да си го дозволам, ќе ми даде најбезбедно возење. Многу често, тоа се спортски или туринг гуми, бидејќи баш од нив се очекува да имаат добри перформанси.

Кога бев на континентал возењето, возев премиумконтакт и спортконтакт на возила со по 300-400+ коњски сили - и мојата логика е, ако се добри за Audi RS3 со 400 коњи, добри ќе бидат и за мојот Голф со 140.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10354 на: 24 Јули 2020, 20:35:46 pm »
Се заборава најбитниот дел за спортските гуми, ако не кренат температура немаат добри перформанси, со нормално возење не креваат температура тие гуми.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10355 на: 24 Јули 2020, 20:39:49 pm »
Зеро твојата последна реченица уствари укажува на проблемот. И е навистина жалосно.

Кога некој ќе прочита од страна, се добива впечаток дека доколку не возиш СпортКонтакт или Мишелин Пилотспорт тогаш моли му се на Господ. Мислам дај малце усул имајте луѓе, на форумов дали 5% од коливе се со преку 200кс и таму да, секако поради самите перформанси има смисла да се вози со такви пневматици.
 
На голф со 150кс да ставам спортконтакт е фрлање пари, по мое. Интересно е што при возење во град и знак прашање е колкава е разликата во кочење на туринг гума и спортска гума, сметам разликите барем од аспект на кочење постојат на брзини преку 100км/ч +

Инаку, разлика не прават само тие 0.5 метри поради гумите, разлика прави колку си сконцентриран на пат, дали правиш муабет во кола, дали збориш на телефон, дали со паметот леташ некаде итн. Така да, постојано форсирање на НАЈспортските пневмацити по секоја цена и тупење со тие 0.5 метри е многу невкусно.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10356 на: 24 Јули 2020, 20:45:43 pm »
Баш сакав да напоменам колку е битна навремената и правилна реакција.

Во меѓувреме си мислев доколку го чував Југото од 89та дали би му купил НајМишелинки или некои Тигар ;D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10357 на: 24 Јули 2020, 21:12:36 pm »

Кога некој ќе прочита од страна, се добива впечаток дека доколку не возиш СпортКонтакт или Мишелин Пилотспорт тогаш моли му се на Господ. Мислам дај малце усул имајте луѓе, на форумов дали 5% од коливе се со преку 200кс и таму да, секако поради самите перформанси има смисла да се вози со такви пневматици.

Влатко се согласувам со тебе, ама преувеличуваш малку. Повеќето тука ако возат премиум гуми, возат премиумконтакт континентал гуми да речеме, значи гуми од тој ранг. Не ги возат најспортските модели спортконтакт или најспортските мишелини, за кои Џизас кажува дека ако немаат температура немаат перформанси- и он е во право.  Ме сфаќаш што сакам да кажам нели. :) Никој тука не е до толку уфилман и забеган... ама ако можам да го платам и возам најдоброто, ќе го возам. Ти на работа ќе стигнеш и со голф 1.4 атмо, ама си купил голф 7 турбо бензин нели? :) 

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10358 на: 24 Јули 2020, 23:18:06 pm »
Се заборава најбитниот дел за спортските гуми, ако не кренат температура немаат добри перформанси, со нормално возење не креваат температура тие гуми.

Апсолутно, и затоа возам PremiumContact а не SportContact. И баш затоа е многу важно да се избере и соодветен брзински индекс на гумата. Ама кај нас луѓе купуваат гуми со брзински индекс 250+ а колата едвај крева 190...

Зеро твојата последна реченица уствари укажува на проблемот. И е навистина жалосно.

Кога некој ќе прочита од страна, се добива впечаток дека доколку не возиш СпортКонтакт или Мишелин Пилотспорт тогаш моли му се на Господ. Мислам дај малце усул имајте луѓе, на форумов дали 5% од коливе се со преку 200кс и таму да, секако поради самите перформанси има смисла да се вози со такви пневматици.
 
На голф со 150кс да ставам спортконтакт е фрлање пари, по мое. Интересно е што при возење во град и знак прашање е колкава е разликата во кочење на туринг гума и спортска гума, сметам разликите барем од аспект на кочење постојат на брзини преку 100км/ч +

Инаку, разлика не прават само тие 0.5 метри поради гумите, разлика прави колку си сконцентриран на пат, дали правиш муабет во кола, дали збориш на телефон, дали со паметот леташ некаде итн. Така да, постојано форсирање на НАЈспортските пневмацити по секоја цена и тупење со тие 0.5 метри е многу невкусно.

Не мора да се согласиме, да сме живи и здрави. Јас мојот став го кажав и го објаснив зошто е таков. Плус, јас не гледам на добрите гуми како нешто што е замена за концентрација, туку нешто што покрај концентрацијата, ќе ми овозможи уште некој бенефит. Не е мојот став „еј ме боли пеникс, ставив скапи гуми, сега можам да не гледам на патот пред мене, ќе закочам, неам гајле“. Не. Мојот став е - Возам внимателно, а гумите ми се само уште еден додаток на безбедноста. Всушност, еден од најважните фактори.

За тебе е фрлање пари, за мене не е. И како што реков - има и други, не-премиум модели на гуми кои нудат ептен слични перформанси за пониска цена. Поентата ми е дека (според мене) секогаш треба да се избере најдобрата гума која може да се добие за буџетот предвиден за гуми. Бидејќи (повторно) тие четири правоаголници контактна површина се единствениот физички контакт на возилото со подлогата - и едноставно, (јас) сакам тој контакт да е што е можно подобар.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6434
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10359 на: 25 Јули 2020, 00:34:05 am »
Се согласувам потполно со @vlatko.klp .

@zeroSignal , ти ја сфаќам поентата (дека на безбедност не се прават компромиси), ама истовремено и муабетот ми е некако pointless.

Да објаснам - кој тука има буџет за добра, извикана премиум гума, значи може да си ја дозволи во секој случај, а ќе оди на поефтина, или по муабетов "помалку безбедна" гума?

Не гледам причина за такво нешто. Зборувам за луѓе што размислуваат, а не за оние што @Deni ги сака многу (што џвакаат пластично бело лажиче), или "бајо мој", или луѓе што ставаат нешто "ради реда", пред продавање кола и слично.

Нормално дека ќе се одбере најдобро, во рамки на буџет. Ако имам 500 евра на располагање, ќе возам Пирели, Мишелин, Конти. Ако имам 200 евра, ќе возам Лофен, Сава, Рикен. Ако имам 100 евра, ќе возам Виндфорс, Дипломат, Даванти...

Ипак, голем удел во одлука за гуми има и начинот на возење. Еве, пример, на мене и мојот начин на возење, Континентал (или подобро речено, цената на Континентал) ми е оуверкил. Немам потреба да затворам 400 евра, кога Лофенот од 10000 за сет ми е повеќе од доволен. Или Ханкукот претходно...

Сакам да кажам, и да имам буџет на располагање, едноставно немам потреба од премиум гума, што сигурно е неретко случај кај повеќето членови тука.

Можда би размислувал поинаку кога би возел нешто повеќе од 90 КС. Некогаш.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10360 на: 25 Јули 2020, 08:05:54 am »
Зеро твојата последна реченица уствари укажува на проблемот. И е навистина жалосно.

Кога некој ќе прочита од страна, се добива впечаток дека доколку не возиш СпортКонтакт или Мишелин Пилотспорт тогаш моли му се на Господ. Мислам дај малце усул имајте луѓе, на форумов дали 5% од коливе се со преку 200кс и таму да, секако поради самите перформанси има смисла да се вози со такви пневматици.
 

На голф со 150кс да ставам спортконтакт е фрлање пари, по мое. Интересно е што при возење во град и знак прашање е колкава е разликата во кочење на туринг гума и спортска гума, сметам разликите барем од аспект на кочење постојат на брзини преку 100км/ч +

Инаку, разлика не прават само тие 0.5 метри поради гумите, разлика прави колку си сконцентриран на пат, дали правиш муабет во кола, дали збориш на телефон, дали со паметот леташ некаде итн. Така да, постојано форсирање на НАЈспортските пневмацити по секоја цена и тупење со тие 0.5 метри е многу невкусно.


Апсолутно се согласувам!
Нема поента да се купуваат спортски гуми кои патем можат и побрзо се истрошат, а ако возите со исправни кочници и според правила и прописи (во град кај нас е дозволено 50km/h, на отворено до 130km/h), а тоа значи да внимавате на се пред себе, ништо нема да се случи ако имате гуми во ценовен ранг од 70-100€ по гума. Некои спортски гуми што ги спомнувате ја преминуваат и границата од 150€ по гума зависно која димензија станува збор. И уште една важна особина се возилата, а поголемиот дел возиме фамилијарни и многу често возиме фамилии со нас, мали деца. Зарем некој ќе се залетува во кривина да ја фати побрзо или поблаго со помала брзина да не се осети кривината? За втората опција не ви се потребни спортски гуми, сите други ќе завршат работа! Вие само возете внимателно и се ќе биде во ред, а туринг гумите во тој ценовен ранг од 70-100€ и не се така за потценување.  ;) 

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10361 на: 25 Јули 2020, 08:37:37 am »
Се заборава најбитниот дел за спортските гуми, ако не кренат температура немаат добри перформанси, со нормално возење не креваат температура тие гуми.

Апсолутно, и затоа возам PremiumContact а не SportContact. И баш затоа е многу важно да се избере и соодветен брзински индекс на гумата. Ама кај нас луѓе купуваат гуми со брзински индекс 250+ а колата едвај крева 190...


Не верувам дека ADAC ги загрева гумите пред да ги тестира.
Не е разликата во тоа дали треба да кренат температура или не, мооожеби тоа беше малку изразено во поладни денови на Michelin SuperSport-от, (кога утрата се околу 0-5 степени, и кога почнуваш да размислуваш за зимскиот сет), но не беше нешто драма.
Она што е побитно, кога ќе ги напнеш ухп гумите(трак-деј возење скопје-охрид, на пример ;D ) не се разжилавуваат повеќе, за разлика од туринг гумите, кои знаат понекогаш во топли летни денови со подинамично возење да се осетат "floppy". Секако, тоа се нијанси и лични преференци.
Не се овие ухп гумиве трак деј гуми, па да треба да се загреваат за да се возат. Многу се слични со туринг гумите, со малку повеќе акцент на спортско држење по кривини со потврди странични ѕидови, на штета на удобноста и бучноста.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10362 на: 25 Јули 2020, 09:31:09 am »
Џизс, многу замарање.

https://www.tirerack.com/tires/types/tiretype.jsp

Дај една шопска со ракија и не ме прашувај со каков патлиџан, со какво сирење, со каков зејтин, сол итн. И не заборавај да ставиш кромид ;D

И немој случајно да си ја турил ракијата у шопската ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10363 на: 25 Јули 2020, 10:16:21 am »
Кога ве читам вака и кога ќе ми текне на клипот од скорешната сообраќајка каде се судрија челно, колку и да проба да го избегне, џабе.

Јас се слагам, секогаш е потребно во животот да се купува најдоброто, и гуми, сите можни делови за колаи патики, тренерки, храна, живеалиште, образование, летовање/зимовање, мобилен, пц/лаптоп, швалерка итн.

Нека пише кој може сево ова да си го дозволи.




Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10364 на: 25 Јули 2020, 11:10:05 am »
Conti Premium Contact возам на кола од 90кс, 115кс и ќе возам ако имам и помоќна кола јер ми купува колку-толку peace of mind и е далеку подобра од ѓубрето Michelin заборавив како се вика некоја буџет варијанта со која дојде едната кола и некој hankook што дојде на другата.

Спортска кола не сум имал па не сум имал ни потреба од спортски гуми, а и возам според знаци и ценам комфорт.