Се согласувам потполно со
@vlatko.klp .
@zeroSignal , ти ја сфаќам поентата (дека на безбедност не се прават компромиси), ама истовремено и муабетот ми е некако pointless.
Да објаснам - кој тука има буџет за добра, извикана премиум гума, значи може да си ја дозволи во секој случај, а ќе оди на поефтина, или по муабетов "помалку безбедна" гума?
Не гледам причина за такво нешто. Зборувам за луѓе што размислуваат, а не за оние што
@Deni ги сака многу (што џвакаат пластично бело лажиче), или "бајо мој", или луѓе што ставаат нешто "ради реда", пред продавање кола и слично.
Нормално дека ќе се одбере најдобро, во рамки на буџет. Ако имам 500 евра на располагање, ќе возам Пирели, Мишелин, Конти. Ако имам 200 евра, ќе возам Лофен, Сава, Рикен. Ако имам 100 евра, ќе возам Виндфорс, Дипломат, Даванти...
Ипак, голем удел во одлука за гуми има и начинот на возење. Еве, пример, на мене и мојот начин на возење, Континентал (или подобро речено, цената на Континентал) ми е оуверкил. Немам потреба да затворам 400 евра, кога Лофенот од 10000 за сет ми е повеќе од доволен. Или Ханкукот претходно...
Сакам да кажам, и да имам буџет на располагање, едноставно немам потреба од премиум гума, што сигурно е неретко случај кај повеќето членови тука.
Можда би размислувал поинаку кога би возел нешто повеќе од 90 КС. Некогаш.