Овие мерни единици почнуваат да ми ствараат длабок сомнеж

Ако во критична ситуација разликата е од 38 до 42 метри, а разликата во цена е толку голема...
се прашувам дали _воопшто_ вреди да купиш 3-4 пати поскапа гума.
Имено, често пати кога живот бил во прашање, луѓето тажат по "едно метро да беше на страна..."
така да ми нема многу смисол тоа 4 метри разлика.
Други параметри за стабилност, секако да.
Ама тоа дали ќе закочиш 4 метри порано е прескапа цена за премиум бренд

Патем, не велам дека во целост не вреди разликата во парите, само го дискутирам кочењево.
Имам воочено разлика од Sava до Continental и видливо е - не е за џабе.
Само се прашувам кој тоа може да знае во каква ситуација ќе се најдеш и која гума ќе ти биде баш најпотребна во дадениот момент, ако имаш буџет од 3000 за парче, наместо 12000
