Според тоа што го имам пробано на неколку коли и на моите Сава и Нексен се ок буџет брендови ама сепак зависи моделот на гумата. Друго искуство некое немам, абс не ми се палел на ниедна кола шпо сум ја возел освен на 206ка кога имав Sava S3, на најмала влага лизгаа.
Основниот проблем со буџет гумите е што никогаш не знаеш што добиваш. Можеби некогаш ќе „уденеш“ добра гума на мокро, или обратно, ретко-скоро никогаш балансирана, а најчесто ни на суво ни на мокро асална. Не зборуваме само за кочење на право, туку баланс, управливост, аквапланинг, бучност, комфорт, трајност, перфоманси после 3 сезони итн...
Ова до сега не сум го видел кај нискобуџетни гуми. Ајде, кај овие мид рејнџ (ти што ги викаш буџет), повеќе доверба имаш дека не се саксии, ама кај нискобуџетниве, никогаш не добваш „комплетен пакет“. Уствари, често само кутијата ја добиваш од пакетот.
Има неколку добри видеа, ќе ги постирам подоцна, јас не би им ја дал мојата доверба на оние горе марки што ги пишав, на кои и имињата им се ко од рандом генератор...