Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1779885 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #75 на: 11 Март 2011, 11:49:54 am »
Гојдо спомна ширина на гума. А ние муабетиме за висина. Ако ставиш помала гума на колата освен што си скршил џам и си добил поголема дупка меѓу тркалото и гумата незнам што се добива. Со други зборови го снижуваш преносот на возилото.

Deni aj da te prasam kolku gumi si smenil ti vo zivotot pa tolku da znaes. Nisto nema da izgubi ako od standart gumata stavi po nizok profil, ama bas nisto pogotovo ako pazi na dupki. Jas mislis zboram zosto sum cital nekade. Sam problem ke mu ostane sto ke treba da go spusti malce voziloto i koga ke ja dobie taa razlika na visina ko so standardnata guma samo pomal otpor ke ima kolata no i malce potvrda voznja. Ako deckoto saka izgled toa e toa sto mora da go napravi , toj ako sakal standard guma da stavi nemase da prasuva tuka, ke si stavese, abe lugje motori menjaat ludila pravat a vie mi kazuvate deka ako stavi poniski gumi podvozjeto ke se zaebelo, voopsto nekam ni da komentiram.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #76 на: 11 Март 2011, 12:16:58 pm »
Фала Гојдо што издвои време да продискутираш на оваа тема. Очекував порано да влеташ, ама сепак тука си со размислувањето кое го ценам затоа што си еден од ретките на форумов што дебатира конструктивно и со факти.
Се што напиша е точно, со една забелешка:
 „Така да тоа со чкрипењето од прва до трета се приказни кога педалата ќе ти биде залепена за патос и тоа не е реално сценарио. Сепак на возилото кое го спомуваш, кое има декалрирана 125КС максимална моќност, нема теорија да ти шкрипат 195-ки освен ако се излижани до максимум или возиш летни гуми во зима. Но во таков случај ќе ти чкрипат и 225-ките.

Околу влечењето и забрзувањето со 225-ките, тоа е само твоја субјективна перцепција, т.е. си во заблуда. Тоа е спротивно од физичките закони и фактите од реалноста.“

Перцепцијата е истата како кога осеќаш дека колата е тромава, не старта и слично. 195-ките имаат 2000км поминато, зимски се, така да не се излижани, а 225-ките до сега еднаш и тоа несакајки ми чкрипнале (леле со чкрипењево ко мали деца).
И оптоварувањата на подвозјето не се зголемуваат, го напомнав тоа пар пати, се додека не се отстапува од фабрички декларираното.

Леонот иде стандард со 16-ки, со доплата 17-ки и 18-ки може.
Маздата твоја иде сериски со 15-ки, а правиш надградба на 16-ки.
Пошто муабетов тргна од таму, а можеби отиде во погрешна насока, дали искрено мислиш дека нешто реално ќе загубиш во поглед на перформанси?
Значи станува муабет за коли кои ги користиме за секојдневна употреба, а не секој ден по 4-5 чкрипки (headbang) и секој ден трки на Партизанска или незнам каде. (секоја чест на исклучоците).
Темата се започна со „дајте совет на Полото (ТСИ) да му ставам поголеми тркала“ и се сведе на колата ќе ти биде трома и ќе изгубиш во забрзување.

Поздрав ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #77 на: 11 Март 2011, 13:14:05 pm »
Да, темава отиде наваму-натаму. Како и да е тука сме за да размениме искуства, знаења и мислења. И покрај тоа што имам искуство со возење различни гуми и доста работи ги знам од теорија, сепак и мене ми требаше да седнам и да прочитам некои работи околу гумите и да поставам прашања по форуми и луѓе за да ми се доразјаснат нештата. Така да, нема ништо погрешно во дискусијата се додека е аргументирана и се додека не се префрли на лични навреди.


Поголеми или помали тркала од оние пропишани 3% не е паметно да се направи. Околу 195-ките и 225-ките, точно е дека тоа се фабрички димензии меѓутоа тука се земени в предвид и различните мотори. На пример од генерацијата на мојата мазда има и со фабрички 17-ки 225, ама не со мотор ко на мојата.

Околу 225 и 195, сигурно има драстична разлика во однос на триењето, оптеретувањето и забрзувањето. Всушност го потврдуваш истото со тоа што велиш дека 195-ката шлајфува, а 225 не. Самото тоа значи дека отпорот меѓу тркалото и подлогата е многу поголем. Најмногу тоа влијае на јабучици, зглобови и осовини при спора вожња и кривини, т.е. градска вожња. А најмалку на отворено и на рамно.

Е сега, ти немаш штета од тие гуми бидејќи се фабрички предвидени. Односно осовините, јабучиците и сите останати компоненти се дизјанирани за да ги носиш тие гуми. Ако ставиш помали гуми нема да им штети тоа на компонентите за управување. Но ако ставиш поголеми гуми/тркала извесно е дека можеш да го прееб*ш системот за управување по одреден број километри.

Оној делот со чкрипење или шлајфување од прва до трета со 195-ки е возможен на возило со декларирана маскимална снага од 125КС ако имаш возило со голем вртежен момент и под услов да тргнеш со залетан мотор и да ја притиснеш папучата до крај. Со атмосферски бензинец со тежина на Леон ќе шлајфуваш во прва, во втора ќе подшкрипнуваш, а во трета веќе нема да шкрипиш. Значи овде се подразбира дека ќе возиш со саглам гуми и дека ќе ја постигнеш максималната брзина за соодветниот степен на менувачот.


Да резимираме, физчки, според Њутновиот закон за акција и реакција, не е можно да добиеш на стабилност, т.е. колата да биде повеќе прилепена за патот, а да не изгубиш на акселерација, крајна брзина и економичност. Оние кои возат велосипед знаат што значи да возиш со тенки и дебели гуми, како во поглед на брзина и убрзување, така во поглед на губење на брзината во празен од, како и во поглед на мекоста на возење.
« Последно менување: 11 Март 2011, 13:16:39 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #78 на: 11 Март 2011, 13:28:22 pm »



 
Е сега, ти немаш штета од тие гуми бидејќи се фабрички предвидени. Односно осовините, јабучиците и сите останати компоненти се дизјанирани за да ги носиш тие гуми. Ако ставиш помали гуми нема да им штети тоа на компонентите за управување. Но ако ставиш поголеми гуми/тркала извесно е дека можеш да го прееб*ш системот за управување по одреден број километри.

Да резимираме, физчки, според Њутновиот закон за акција и реакција, не е можно да добиеш на стабилност, т.е. колата да биде повеќе прилепена за патот, а да не изгубиш на акселерација, крајна брзина и економичност. Оние кои возат велосипед знаат што значи да возиш со тенки и дебели гуми, како во поглед на брзина и убрзување, така во поглед на губење на брзината во празен од, како и во поглед на мекоста на возење.


Toa celo vreme sakam da go kazam, ali jebiga nemam jas takov recnik.

На една кола најважен е ијаметарот да биде ист , значи ако носи 15 / 65 а ти му ставиш на пример 16 ќе треба да бидат 55 да кажеме , знчи многу е лошо да бидат по широки и повисоки од предвиденото( збориме за здравјето на колата) но ако одстапиме и да кажеме ставиме потесни(што никој не го прави тоа обично сите сакаат пошироки) нема да има никаков проблем за здравјето на возилото ќе биде проблем за нашето здравје поради нестабилноста на колата, или да речеме она што јас го советувам дечково, да остави исти какви што му се гумите само да стави пониски и колата малце да ја спушти ем ќе добие на изглед ем нема да има проблеми само километражата ќе го лаже. Но тоа може да се дотера.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #79 на: 11 Март 2011, 13:51:08 pm »
И за да ставиш поголем дијаметар треба да провериш дали е фабрички предвидено. Со поглем бандаш ги менуваш торзионите сили на осовините. Поголем дијаметар значи дека е потребен поголем момент за завртување на бандажите. Притоа при удари и нерамнини оптеретувањата ќе бидат поголеми. Гумата е еластична и таа ги ублажува ударите, односно колку е повеќе профилна до толку повеќе истите ќе бидат ублажени. Згора на тоа многу помалку страдаат упавувачките елементи со високопрофилни гуми. (Замисли што повеќе ќе те боли, ако некој ти удри бокс со боксерска ракавица или со ракавица за возење точак?)

Значи, фабрички пропишаните димензии не се случајно избрани. Ако пишува дека најголема димензија е за 15-ка бандаж, седи си на 15-ка и не се ку*чи со поголем. Кај мене за мојот модел вика 15-ка и 16-ка. Јас прво сакав да земам 17-ка, ама откако видов што и како значи тоа, сепак се одлучив да останам на 16-ка, поготово со оглед на димензиите и тежината на возилото.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #80 на: 11 Март 2011, 13:57:52 pm »
Ако те удри со ракавица за точак ќе те боли повеќе ама ќе издржиш, а ако те опне некој со боксерска ракавица добијаш во секунда патосирање.

Пак ќе кажам дијаметарот останува ист ако ставиш поголем бандаж и пониска гума, бандажот и гумата се во целост како мерка која ја користи возилото. Е тоа за ударот е друга работа, мора внимавање, ако ти не пазиш колкави гуми сакаш стави исто ти се фаќа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #81 на: 11 Март 2011, 14:12:00 pm »
Ја згреши работава со ракавиците. Со ракавица за точак ќе ти скрши череп и он раката и тешко да преживееш, а со боксерска ќе те бутне на земја и ништо нема да ти биде.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #82 на: 11 Март 2011, 14:27:05 pm »
Обратно е тоа со ударот. Ако те фукне со ракавица за возење точак може да ти скрши нос, аркада или слично. Ќе имаш скршеници или модринки на определени делови од фацата каде што е поголем притисокот од коските на раката од тој што те удрил.

 Ако истото го направи со боксерска ракавица, поради мекоста на боксерската ракавица ударот ќе се распредели рамномерно по површината на ракавицата и нема да има точки на притисок кои ќе ти направат фрактура на фацата.

Исто е и со гумата. Кога ќе се фукнеш во дупка на патот, ударот најпрво ќе се апсорбира во неа благодарение на нејзината еластичност, а потоа порамномерно ќе се распредели и во поблага форма но на поголема површина ќе се пренесе на бандажот кој пак не е еластичен и без да ублажува истиот удар го пренесува на осовините, јабучиците, на шасија и тн.

Колку гумата е повисокопрофилна, до толку подобро ќе го апсорбира(потенцијална енергија) ударот и толку порамномерно ќе го пренесе(кинетичка енергија).

Понатаму, околу дијаметарот. Точно е дека при промената 65/15 на 55/16 дијаметарот на тркалото ќе остане горе-долу ист, т.е. колата нема да ја спуштиш или кренеш. Но не е точно дека силите ќе бидат исти. Бандажот е направен од крут материјал кој не се увиткува, додека пак гумата е мека и елеастична, па така може едноставно да се деформира.

Колку е повисокопрофилна, т.е. колку повеќе материјал е направен од гума, до толку поедноставно ќе биде деформирањето на гумата (всушност абсорбирање на удари, нагли завртувања, кочења и слично). Поради тоа и поради фактот што е поголем радиусот на бандажот (значи и поголем момент на самата обиколка од бандажот) торзионите сили на осовината кај поголем бандаж со пониско-профилна гума ќе бидат поголем во однос на помал со повисоко-профилан гума, за иста димензија на тркалата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #83 на: 11 Март 2011, 14:32:01 pm »
Таман се разбравме вие почнавте боксови да мавате :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #84 на: 11 Март 2011, 14:36:36 pm »
Боксовите се аванс за наредни недоразбирања. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #85 на: 11 Март 2011, 15:14:02 pm »
Wow gOJDO... Алал Вера... и сестра и’ :D

Конечно некој успеа да одвои поише време да искуца писмена работа по македонски јазик - отсек пнеуматици, и да го наслика тоа што ја и марјанот пробуваме да го кажеме веќе извесно време... Морам да признаам дека ми се допаѓа стилот на пишување, кој успешно транзитира помеѓу „Струшките вечери на поезијата“ и „Пиво пред кооперација“ :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #86 на: 11 Март 2011, 19:35:59 pm »
Ја згреши работава со ракавиците. Со ракавица за точак ќе ти скрши череп и он раката и тешко да преживееш, а со боксерска ќе те бутне на земја и ништо нема да ти биде.

Ti si se zbunil, si go probal li ova nekogas sto go zboris. Ako tesko se prezivuvalo od boks bez rakivici ne znam kaj ke bev sega jas, a dobro znam kaj sum bil koga sum popil nokaut s bokserska rakavica, raka da dobro znam koja e razlikata. Samo muabetov otide tolku mnogu bezveze sto e edno cudo.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #87 на: 11 Март 2011, 20:30:00 pm »
Не знам за боксерски или други ракавици, ама ја еднаш пробав да жонглирам со сабја, моторна пила и активна граната, и така... се растргнав на сите страни ;D

Мислам, коа више идеме оф-топик, да идеме у пи**у мајчину оф-топик :D
« Последно менување: 11 Март 2011, 20:31:35 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #88 на: 11 Март 2011, 21:39:15 pm »
Ok bidejki gledam site se razbirate, momentalno Lancerot vozi 205/60/16.
Sto preporacuvate so bandas od 17 inchi?
Jas preferiram da bide 215 sirinata, so koja visina bi trebalo da bide?
« Последно менување: 11 Март 2011, 21:41:11 pm DENDE-LANCERED »
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #89 на: 11 Март 2011, 21:53:07 pm »
Глеам сите се расфралте со термини ниско профилни, високо профилни, 195, 225, итн  итн...
Јас ке поставам едноставно прашање, на кое барам конкретен одговор со образложение...

195/55/ R15 95H
Што означува ознаката на гумата: 155, 165, 175....225 итн?

Што означува ознаката на гумата: 45, 55, 60, 65....80 итн?

Што означува ознаката на гумата: R13, 14, 15 ..... 21 итн?

Што означува ознаката на гумата: 82T, 82H, .....95H, односно VR, ZR итн?

Што означува ознаката на гумата: М+Ѕ?

Што означува ознаката на гумата: TL, ТТ ?

Кога ке ги знаеме овие одговори, ке се префрлиме на центрифугалните и центрипеталните сили при ротирање односно вртење, а потоа ке одиме си со останатите напрегања на самите гуми ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.