Еве прочитај погоре самиот што напиша.
Чкрипење на гуми е сосема спротивно од забрзување. Со чкрипење снагата која што може моторот да ја пренесе на подлога се губи во чад, звук и остатоци од гуми на асфалт. И не се претвора во забрзување. А со другите гуми не си го имал чкрипењето затоа што имаш поголема нагазна површина за да ја пренесеш снагата на подлога. Мислам дека повеќе е до психата и „чкрипењето“ од колку до бројките.
Еве пошто јас не ја осеќам разликата:
Со 195-ките на старт колата се мачи, чкрипи, да и во прва и во втора и во трета и контролата против пролизгување мака мачи да извади максимум што може (може и да се исклучи и со фино дозирање да се извади солиден старт).
Со 225-ките на старт може и проба да се побуни, ама затоа старта и влече како од катапулт. Не е ни ГТИ ни Купра, ама на 125КС НЕМА толкава разлика за да речам дека губам со 225-45-17.
Со чкрипењето не се губи снагата на моторот, туку тоа значи дека при таа брзина на ротација физички карактеристики на гумите не се соодветни за да можат да се залепат за асвалтот. Односно тоа значи дека шоферот во случајов е детиште или кретен кој се ку*чи и трга со улетан мотор, ѓомти е на трка.
Со пошироки гуми се зголемува допирната површина, но истовремено и се намалува притисокот кон нагазната подлога по единица површина. Во летно време коефициентите на триење на материјалите(гума и асфалт) е многу голем, па така ќе се добие големо триење поради поголемата допирна површина, а тежината по единица површина ќе игра помала улога (во одземање на триењето). Во тој случај за да ги зашкрипиш тие гуми ќе треба повеќе снага (т.е. повеќе да го улеташ моторот на старт). Поради поголемото триење ќе се добие поголема стабилност во возењето, но истовремено ќе се зголемат оптеретувањата на моторот, осовините, зглобови и т.н. Ќе се намали акслерацијата, крајната брзина и економичноста на возилото.
Зимно време пак, при снег или подмрзнат асфалт, коефициентите на триење на материјалите (гума и подмрзнат асфалт) се многу мали, па тука улога игра тежината по единица нагазна површина. Со зголемување на површината тој се намалува, па така е помало триењето со подлогата. Ефектот со пошироките гуми ќе биде обратен во овој случај, т.е. широките гуми полесно ќе пролизгуваат од потесните и стабилноста ќе биде помала. Токму затоа се ставаат потесни зимски гуми.
Во секој случај, производителите на автомобили избираат димензии соодветно на карактеристиките на возилото, така што прават компромис помеѓу стабилноста и економичноста. Притоа, се подразбира дека возилото е превозно средство чија намена е патниците безбедно да ги пренесе од точка А до точка Б, а не играчка за деца во пубертет која им ја купил и им ја одржува тато(мења гуми и ламели, пуни гориво и сл.).
Така да тоа со чкрипењето од прва до трета се приказни кога педалата ќе ти биде залепена за патос и тоа не е реално сценарио. Сепак на возилото кое го спомуваш, кое има декалрирана 125КС максимална моќност, нема теорија да ти шкрипат 195-ки освен ако се излижани до максимум или возиш летни гуми во зима. Но во таков случај ќе ти чкрипат и 225-ките.
Околу влечењето и забрзувањето со 225-ките, тоа е само твоја субјективна перцепција, т.е. си во заблуда. Тоа е спротивно од физичките закони и фактите од реалноста.