Пред околу 1 месец купив гуми Hankook од Stop&Go па да нашишам малку искуство за нивниот "професионализам" после денешната проверка.
Уште пред да му речам дека ги купувам и да ги монтираат, го прашувам дечкото за цена и ми кажа точна цифра. А на интернет цените не се со точни цифри, ама ајде си викам ок. Кога ги наместија одам да плаќам и девојката на шалтерот ми кажува различна цена (се работеше за плус 20тина денари од гума). И посочувам дека не ми беше кажана таа сума и ми вика не знам оти колегата така ти рекол оваа е цената, баш после ќе го прашам
. Ок реков ајде наплати, нема да се осиромашам за 100 денари ама мразам давање неточни информации кога се работи за пари. Плаќам до денар, сакам до денар да знам колку ќе платам. Ми беше кеиф за гумите и сакав што порано да заминам да ги провозам.
После околу една недела откако ги ставив гумите, ми излезе реклама на фејсбук од Stop&Go за истиве гуми што ги купив и гледам гумите се поевтини за 2хх денари од тоа што јас ги платив. Значи ги платив по цена како за нова пратка, а добив гуми со ланска година (2019). Ова ајде моја грешка, можеби треба стриктно да им посочам дека сакам да бидат произведени 2020 година. Но не го напоменав тоа бидејќи до пред 1 месец пред да купувам цената беше 200-300 денари поевтина и штом ја покачија мислев дека гумите од 2019 им се потрошени и имаат само 2020, но сум бил во заблуда.
Откако ми беа ставени гумите до вчера имав поминато само 70тина км и забележав дека се малку крути, ама ми беа потивки од претходните и си реков топ. Тоа што се покрути, подобри ќе бидат по кривини. Но сум бил во голема заблуда. Денеска извозив 150тина км на отворено и стварно многу крути ми беа гумите. Во кривини многу чудно се однесуваше колата, со зимските подобро чувство имав. Решив да појдам на бензинска и да ги проверам за секој случај и покрај тоа што мислев дека Stop&Go се сериозен сервис за гуми и си ја знаат работата. Беа напумпани 2.7 бари сите 4. 2.7! Пропишано е 2.0 напред, 1.8 назад. Па толку ли не се замараат? Јас уствари на балони сум возел.
Да немаа утнато олку многу со притисоков од кој зависи безбедноста немаше да пишувам за тоа глупостите погоре со ситните пари, но ајде да доловам поширока слика за педерските работи.
Зошто бе пи*каму треба да се замараме кој и е проблемот на колата пред да одиме на сервис оти мајсторот тешко дека ќе го открие туку ќе те мота по тавани да смениш 3 сензори дури го погоди правиот, зошто мора да му дремиме над глава кога работат за да знаеме дека сработиле како што треба, зошто отпосле треба да провериме уште еднаш оти гарант нешто има промашено и сл!? А ја плаќаме сумата која ја бараат без ценкање и во која ти ветуваат дека се ќе биде супер.
Најбитниот заклучок е да си го проверувате притисокот во гумите после монтирање на гуми. Јас имав и непријатна случка со мало извртување на раскрсницата кај ТЦЦ Плаза уште првиот ден кога ги ставив и вината целосно ја префрлив на моето невнимателно возење на влажно, но сега мислам дека притисокот си го одиграл своето.