Земав пред 2 недели General Tire Altimax One S 195/50 R15, од S нема ни S.

Светлосни години полоши од претходните Michelin Pilot Sport 3 (кои мислев дека се многу лоши гуми) според параметрите кои ми се мене битни: брзи промени на правец, држење во кривини, држење при кочење.
-Брза промена на правец на брзини над 120 е непријатна, на 150 е страшна со овие гуми. Откако ќе завртиш волан, предницата врти после 0,5 секунди, задницата после 1 секунда.
-Во кривина прилично прогресивно пуштаат, ама пуштањето се случува многу порано отколку со претходните, веројатно и тоа се должи дел на мекиот ѕид па сè се деформира и си ибе мајката и дел на компонентата.
-При силно кочење се околу 30% полоши во споредба со претходните, и на рапав и на мазен асфалт.
*Сите коментари се дадени за поекстремни услови на експлоатација. За нормално користење немам никаква забелешка, истерав одмор околу 1500 км со нив со нормално возење и немав никаков проблем.
Околу небитните работи (според мене), потивки се и не се осеќаат толку дупки и нерамнини пошто страничниот ѕид е направен од чварки.
Би ги препорачал просечни корисници, односно на луѓе на кои не им е многу битно што ќе стават, битно да е нова гума која нема да е бучна и ќе биде удобна. Со оглед на цената се одличен дил.
Не би ги препорачал на луѓе кои уживаат во поагресивно возење и бараат гума која брзо ќе реагира и ќе пружи уживање во возењето.