Kлабери, едни поитно прашање, утре мора да се купи:
Препорака за летни гуми во димензии 195/55/15... Би сакал да земам две, тенок сум со финансии за цел комплет од 4. Гледав во Мотоцентар имаат Рикен High Performance за 2400ден, а имаат и Нокиан Лине за 4300+ ден. Не ми се дава толку за две гуми сезонава, секако ќе купувам нови 4 зимски за некој месец.
До сега возев/возам Тигар во истите димензии и се ОК. Вчера враќајки се од Тасос ми пукна предна лева гума и ја менував со резервната на сред автопат на 50c. Среќа, за 2 минути откако застанав се појави она интервентното комбе Егнатиа Одос што кружи по автопатот, ваљда истото што доаѓа кога ќе се јавиш на 1077 (бројот што го пишува на таблите по автопатот). Ми помогнаа дечките, да се здрави и живи до крај на живот. Како да знаев дека ќе се деси некое срање кога го пишував ова пред десетина дена, тука на темава:
Дечки, што би препорачале за чување во багажник за *недајБоже*: oldschool рачна пумпа за гуми или компресорче, оние што се уштекуваат во упаљачот?
И каде да најдам за пристојна цена од двете...
Барајќи постови по форумов гледам дека
@BigBull ги вози Рикен-от, како и
@bobimk . Задоволни сте од гумите дечки?
@Boshe и ти имаш од истиве?
@Djokica ?