Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1777853 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8895 на: 11 Февруари 2019, 12:32:02 pm »
Дојде време за нови летни гуми. Што би препорачале вие за димензија 225/45/17 ? Докај 400 евра комплет ? Солидна гума значи некоја, немора да е спортска, ама понекогаш знае поагресивно да се вози колата..
Не си влагајте во филмови најдбронамерно ви кажувам за која гума имала повеќе грип, пошто се утепавте возење по стази. За идење на Стража/Плетвар или по-динамично возење на Партизанска и влагање во кривина во град со 70км/ч секакви гуми од средна и висока класа ќе ви свршат повеќе од што треба.

За таа димензија и буџет до 100 евра моја препорака е нешто од класата на Ventus Prime 2/3, Primacy 4, Pirelli p7, Continental PremiumContact 6 (сеа нешто и овие ебаваат со имињата) и секоја останата touring класа на гуми. Не би ги преопрачал нивните спортски ориентирани модели.

Ханкокот В12ЕВО  го возев доста време на Меганот неможам да кажам дека сум задоволен пошто брзо се трошеа и најважно секоја сезона купував по една нова гума зошто им се искачаа меурчиња по ѕидовите. Значи ги преплатив 4 пати.

Од искуството на брат ми GoodYear Eagle F1 се одлични, јас исто имам мало искуство, не се трошат брзо, квалитетна и тивка гума.

Јас се мислам дали да го шитнам зимскиот сет, и кога ќе дојде време, да турам нов сет all season, пошто тука ми имаат поента - летата не се толку топли, а зимите не се толку ладни, па некако температурата е согласна со оптималниот дијапазон на функционирање на All Season гуми.

Задоволен сум од Good Year 4 Vector, гледам со цени/перформанси тука се негде и Continental AllSeasonContact и Michelin Cross Climate+, додека Nexen NBlue 4Season некако отскокнуваат од аспект на добиени перформанси по вложена цена.

Мислев дали да правам два сета, односно да го извозам сегашниот ол-сизн, па наредна зима да турам две нови зимски, па после тоа да купам сет нови летни, ама што знам, некако се пишмануем од целата работа, пошо ми делува како да не ми требаат посебни сетови.
Па со оглед на климата во која што живееш ол-сизон по мое се идеален избор и јас лично би продолжил да возам со Good Year 4 Vector Michelin Cross Climate+,

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8896 на: 11 Февруари 2019, 12:37:58 pm »
@vlatko.klp - Јас па имам скроз различно искуство со Hankook-от. Мада, моите се V12 Evo2. Мислам дека 4 сезони истерав со нив, 45.000+ километри, и немаа никаков проблем. Имаат уште шара, и нааајверојатно од аспект на шара би истерале уште една сезона, ама веќе самата гума стана крута и почнаа да лизгаат многу.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3875
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8897 на: 11 Февруари 2019, 13:10:48 pm »
Тие се поскапи од буџетот.

Е сега ако има некои најтивки по тестови и по декларација, можеби вреди да се даде некој денар плус.
Кој што си возел... ;D

Michelin Pilot Sport 4
Conti Premium Contact 6


Michelin Pilot Sport 4 во оваа димензија ги земав лани за нешто помалце од 26к. Conti Premium Contact 6 сакав да пазарам и цената им беше тука некаде сосе осигурување. И двете варијанти беа со попуС добар. Ги земав во Скопје од egumi.mk. Conti то беа на kupigumi.mk

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8898 на: 11 Февруари 2019, 14:16:52 pm »
Дојде време за нови летни гуми. Што би препорачале вие за димензија 225/45/17 ? Докај 400 евра комплет ? Солидна гума значи некоја, немора да е спортска, ама понекогаш знае поагресивно да се вози колата..

Иста димензија GY F1 Asymmetric 3 у Макпетрол 5900 ден, Вулко 6240 ..

Моментално летните ми се Аsymmetric 2, произведени негде средина 2013, изминативе 3 години поминав 30 000 км. Страничните ѕидови се фабрика, многу тивки, одлично лепат и со 3-4 мм шара.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8899 на: 11 Февруари 2019, 15:17:54 pm »
Јас би се распрашал за Sava UHP, мислам дека се најдобар сооднос цена/квалитет, околу 4000-4200 ден како што гледам или евентуално Laufenn
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8900 на: 11 Февруари 2019, 19:58:24 pm »
Јас за голфот сега пазарив Hankook Ventus S1 Evo 2 - 225 40 18. Ќе видиме како ќе се покажат
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8901 на: 11 Февруари 2019, 22:43:47 pm »
2 години или 15К ќе бидат арни, после ќе окрутат и ќе почнат да губат перформанси

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8902 на: 11 Февруари 2019, 23:02:10 pm »
Јас денеска си порачав Hankook Ventus Prime 3 од stop&go , во меѓувреме додека стигнат, бандажите ќе се подсредат малце, па се вклучуваме таму крај на март :)

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8904 на: 14 Февруари 2019, 18:32:53 pm »
Некој дали знае кај би можел да најдам 1 гума 235/40/18 tigar synteris  ? 

Една имам одлична 2017та година па нема да ми е проблем да е нова ама заостаната или па половна али во одлична состојба ?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8905 на: 16 Февруари 2019, 11:00:48 am »
Кога ќе мењаме летни, до април зимскиве пепел ќе се напраат..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8906 на: 16 Февруари 2019, 11:19:01 am »
Јас ќе ставам летни после 1ви Февруари.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8907 на: 16 Февруари 2019, 13:00:03 pm »
Мислиш март :)

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8908 на: 16 Февруари 2019, 13:09:49 pm »
Упс, да, пребаци централата. :D

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8909 на: 16 Февруари 2019, 13:13:22 pm »
Кога ќе мењаме летни, до април зимскиве пепел ќе се напраат..

Па до април имаш добри шанси за снег, така да тогаш негде април.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"