Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1778218 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10860 на: 19 Ноември 2020, 01:22:34 am »
Што ме караш кога и сам знаеш што г*мно ставале французите и го нарекувале дигалка? ;D

Пред да дознаам или да фарбам прагови и врати, мислам дека ќе побарам дигалка од Alfa Romeo ;D

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10861 на: 19 Ноември 2020, 07:47:11 am »
Ќе ти се расипе пред да ја подигнеш колата :D :D :D
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10862 на: 19 Ноември 2020, 09:44:18 am »
За да не се случи тоа тебе што ти се случило, а и за во иднина не само за тебе него и некој друг што ке ме прочита, јас правам вака: Колата у брзина и крената рачна. Едно од тркалата на спротивната страна обавезно со подметнати клоцни, бехатонки или во природа камења. Не само на француските, туку и на другите коли дигалките се такви. Потребно е да се наместат на точно обележаните места....
Пред да ја дигнеш колата, тркалото односно штрафовите сите се попуштаат. Не се крева кола па да рипаш на клуч. Прво олабавуваш, па креваш, па одштрафуваш.
Ставаш гума, заштрафуваш со рака, па со клуч без да запнуваш, па спушташ се додека гумата не допре до асфалт, стегаш со клуч, спушташ до нула па достегнуваш по потреба.
Треба да се воведе задолжителна пракса при полагање, односно замена на тркало. Секој што нема да знае, треба да си падне :D

Исто до детал правам.
Кај мене дури имам пад на теренот од 7цм меѓу тркала, ама кога ќе се подготви колата нема кај да бега.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10863 на: 19 Ноември 2020, 12:38:49 pm »
Многу е sketchy да креваш кола со pinch weld кога фабричките жлебови на дигалката се толку плитки и можно е да е искривено малку pinch-от на колата.

Има начин како да се направи стабилна дигалка ама изгледа не им се исплаќа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ова е ко на стојадин на времето. Стојадин ако не е од фабрика, со таквата дигалка одма беља се дешаваше :D :D :D :D
Незнам како е кај јагуаров, али ако ископирале од Zastava лошо им се пишува :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10864 на: 19 Ноември 2020, 13:29:46 pm »
Многу е sketchy да креваш кола со pinch weld кога фабричките жлебови на дигалката се толку плитки и можно е да е искривено малку pinch-от на колата.

Има начин како да се направи стабилна дигалка ама изгледа не им се исплаќа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ова е ко на стојадин на времето. Стојадин ако не е од фабрика, со таквата дигалка одма беља се дешаваше :D :D :D :D
Незнам како е кај јагуаров, али ако ископирале од Zastava лошо им се пишува :D :D :D

Тоа курето го ставаш во дупката нема каде да мрда. Освен на мека подлога не е можно да се лизне или преврти.

Отсутен taranenik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10865 на: 19 Ноември 2020, 21:44:26 pm »
Имам Каптива 2007/ма, гуми на неа 255/55/18...Дали може други димензии на гуми да се стават на истите бандажи?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10866 на: 19 Ноември 2020, 21:51:37 pm »
Имам Каптива 2007/ма, гуми на неа 255/55/18...Дали може други димензии на гуми да се стават на истите бандажи?

Ова би требало да е релевантно :)

https://www.wheel-size.com/size/chevrolet/captiva/2007/
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10867 на: 19 Ноември 2020, 22:06:38 pm »
Имам Каптива 2007/ма, гуми на неа 255/55/18...Дали може други димензии на гуми да се стават на истите бандажи?
255/55/18 Не е фабричка големина за Каптивата значи веројатно имаш други бандажи ставено?

Иначе може околу 10мм потесни или пошироки на истиот бандаж, а исто така може и до подебел или со потенок страничен ѕид во зависност од колата.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk


Отсутен taranenik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10868 на: 19 Ноември 2020, 22:21:44 pm »
Така ја купив со тие бандажи и гуми, и сега сакам да ставам зимски, гледав 235-55-18, или 235/60/18 дали може да ставам такви?
Кои големини се препорачани на овие бандажи?

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10869 на: 19 Ноември 2020, 22:29:14 pm »
Ама не знаеме кои бандажи ги имаш. Може ама зависи од ширината на бандажот.

Отсутен taranenik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10870 на: 20 Ноември 2020, 11:45:52 am »
Грешка сум гледал, 235-55-18 се гумите :-) Годините си гоправат своето, очите полека полека си гледаат што сакаат.
Сепак останува прашањето, која алтернатива на големина може да се користи, дали може да се користат различни големини напред назад, или исти големини напрд назад а различни производители...Какви се опции има?

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10871 на: 20 Ноември 2020, 11:58:52 am »
Според тоа што loopz го прати ако ти се фабричките бандажи би требало да имаш 7Jx18 ET45 бандаж односно 7 инчи да е широк.

На 7инчи се става 205 или 215мм гума. Не сфаќам зошто од фабрика би ставиле 235 освен ако сум помешал нешто.

Најдобро да одиш на вулканизер некој или и на сервис исто може да прашаш.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10872 на: 20 Ноември 2020, 12:03:48 pm »

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10873 на: 20 Ноември 2020, 14:32:48 pm »
Прашање :)
Дали тегчиња за балансирање треба да има на сите тркала или се ставаат по потреба? Вакви како на сликата имам на 3 тркала, на предното лево немам. Прашав еден мајстор дали е нормално, тоj ми врати: Уживај немаш гајле :D
Треба да уживам или да одам да ми стават и на лево тркало тег? Некако не сум сигурен во одговорот па ај да прашам и тука.



Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10874 на: 20 Ноември 2020, 15:27:05 pm »
Ако не ти тресе колата уживај.

Најверојатно се погодило така да легне гумата со бандажот да не треба балансирање.