Ставав нови гуми пред 3 недели отприлика. Со балансирање и центрирање, ол инклузив
Денес заприметив дека нема тег, а колава исто вози како и претходно, без тресење, се си е нормално барем до 120-130.
Ако поминувам периодов до вулканизер ќе пишам што како. Не е за трошокот, туку не ми се чекаат редови, сега сезона на менување гуми, башка и пожелно е избегнување гужви ради коронава.
Тој што го прашав е мајстор/вулканизер и ми кажа терај немаш гајле. Дека не ставале тег ако нема потреба. Бандажов го гледам, нема некоја трага, што би покажало дека имало тег па летнал. Најверојатно или не требало или скроз заборавиле да стават
Истрагата е во тек