Глу-по-сти.
Многу е ограничено размислувањето дека „ако вози Порше, има пари за бензин“. Луѓето имаат некоја неприродна потреба да го потенцираат бензинот како „подоброто“ гориво. Надминете ги тие детски ставови и соочете се со реалноста - горивото е скапо. Ако колата вози исто на плин како што вози на бензин, само ирационален инатчија и тркач по „престиж“ ќе го одбере поскапото гориво. Не е битно кој колку пари има, сите сакаат да се возат поефтино.
Со денешните плински системи, нит мириса на плин, нит има загуба на перформанси, нити ништо. Изборот некој да вози на плин го гледам како сосема нормална, оправдана и рационална работа, без разлика дали е Југо, Голф или Порше.