Прво некој да глуми престиж со пари е стварно бедник. Освен ако не е Роман па да прави престиж со Јахти. Со кола престиж не се прави. Друго, јас имам пари и на бензин да ја возам колата, и сега ме прави помал човек или ефтин(Еј ефтин?) затоа што ќе направам модификација на колата со која помалку ќе давам пари за гориво, затоа што некој пати од стереотипи, по чему бе плинот делува ефтино, дајте ми вие една причина па ќе правиме муабет а не психолошки тоа што сметате дека е ефтина работа. Зарем плин е лепење жмигавец? Плин е систем напреден со компјутер и сра*а кој вреди над 600 евриќи. Да не се прајме будали со сила. Само психолошки проблеми изнесовте, нити еден најмал рационален проблем или нешто слично не кажавте. Заради таквите како вас има уште идиоти што мислат дека ако стават ланец кој тежи 50 кила на врат е мангуп, додек некој гладува за леп а нималку не е практично тоа што го прави. Уствари е глуп. Овие со каениве немој да мислите дека немаат пари или дека се глупи.
Имав уште пред 7-8 години едно другарче тука со едно опасно џипиште (сега е во бегство во Америка) . Татко му има фирми за увоз извос во Њу џерси. Дечкото многу кеш имаше па во џипот стави плин со боца од 120 или 100 литра. И убаво викаше "Јас имам пари, да. Ама не сум глуп бе другар. Да имаш пари и да си глуп треба да се различни работи, нели? "