Автор Тема: Toyota Land Cruiser - Историја  (Прочитано 3673 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Toyota Land Cruiser - Историја
« на: 25 Февруари 2012, 02:55:43 am »
Името на неуништливиот Јапонски теренец во многу земји е повеќе познато одколку името на неговиот произведувач т.е.Тојота,заблагодарувајќи се на неговата издржливост и беспрекорна изработка...

Со самиот почеток на Корејската војна(1950г),се појавиле потреби за 4х4 возила,за кои Јапонската војска и полиција распишале ‘тендерче‘,на кое прво се пријавил Митсубиши(со лиценца за производсвтво на Jeep MB),па Нисан со моделот 4W60(кој подоцна е преименуван во Патрол),па на крајот се пријавува Тојота која во 1951г излегува со прототип наречен Toyota Јeep BJ(истотака по пример на тогаш доста популарниот Јeep,а ознакaта B го означува типот на моторот,додека  J означува џип)...Истотака буквата J одтогаш ке остани во употреба како ознака за Тојотините теренски возила...

‘Спартанскиот‘ прототип во стилот на Jeep Willys,со челична шасија,светла прицврстени на браникот,со камионска шасија од 1 тон(вкупна тежина од 1852кг) и со бензиски мотор од 3386ссм3 82кс и 212Њм(заблагодарувајќи се на моторот) бил подобар и од самиот Jeep Willys...Успешноста на BJ прв пробал да ја докажи Ichiro Taira кој пробал да се искачи по 86 скали(скали кои самурајот Magaki Heikuroa ги качил со својот коњ во 1634г,по угорнина од 40%) на планината Mount Atago.Но не успеал во својата намера,заради средишниот дел од својот џип,но брзо потоа успева да се искачи(на некоја си планина) на 2600м.н.в ...Националната војска тие успеси неможела да ги игнорира па затоа го избира Toyota BЈ за службено возило...

Во 1954г Тојота го преименува во Тојота Ленд Крузер што и било предуслов за продажба во други земји...Наредни модели биле Ј2/Ј3 кои биле модернизирани но со истиот мотор кој се вградувал се до 1992г...Со моделот Ј4 се оди во освојување на пазарите на Средниот Исток и Јужна Америка,па така во 1959г почнува да се произведува во Бразил,а воедно тоа бил и првиот чекор на Тојота надвор од Јапонија да произведува автомобили.

Произведени се 10 модели на Тојота Ленд Крузер,во 37 различни моделски изведби,со дури 37 различни мотори(до ден денешен ;D)...Секој нов модел е на повисоко ниво од предходниот,а  Ленд Крузер стана синоним за задоволство,удобност и квалитет на највисоко ниво...


[датотека избришана од администраторот]
« Последно менување: 25 Февруари 2012, 05:44:12 am MecheTo »
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #1 на: 25 Февруари 2012, 02:58:56 am »
Фантастичен и неуништив џип. Не сум слушнал или сретнал некој да се пожали.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #2 на: 25 Февруари 2012, 03:26:26 am »
Vi teknuva li sto mu peavese Jeremi vo edna epizoda na Top Gear?

I pak si palese i terase dzverot.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #3 на: 25 Февруари 2012, 05:46:07 am »
Јас одсекогаш сум го сакал повеќе Нисан Патрол,незнам зошто ни самиот ама ете тоа е,инаку Ленд Крузерот(а и Патролот и Пајерото) се стварно најдобрите теренци
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #4 на: 25 Февруари 2012, 23:14:41 pm »
Газдата мој го купи Land Cruiser-от во 2008 година(најскапиот модел) и прошлата недела си го зема од сервис поради завлечен клип. Да напоменам дека џипот има поминато 120 000 илјади км и редовно сервисиран во овластен сервис. Немам точна информација али според некој муабети мислам дека не му признаваат ништо од Тојота и дека целата поправка паѓа на негов трошок. Катастрофа

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #5 на: 26 Февруари 2012, 01:26:32 am »
Се случува сепак, ама дека не покрива ништо фирмата е жално. Како и да е мислам дека 120.000 е надвор од гаранција. Што квар е ова, и што мотор користи?

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #6 на: 26 Февруари 2012, 10:55:02 am »
Газдата мој го купи Land Cruiser-от во 2008 година(најскапиот модел) и прошлата недела си го зема од сервис поради завлечен клип. Да напоменам дека џипот има поминато 120 000 илјади км и редовно сервисиран во овластен сервис. Немам точна информација али според некој муабети мислам дека не му признаваат ништо од Тојота и дека целата поправка паѓа на негов трошок. Катастрофа

Imase edna slicna  slucka vo Bitola.Mozebi kazuvas za Bitolskiot.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #7 на: 26 Февруари 2012, 11:03:32 am »
Нели 150.000 км е гаранцијата на Тојота? Или не ваѓи тоа за овие heavy duty машини?
А Топ геар отидоа со Лендкрузер на северен пол?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #8 на: 26 Февруари 2012, 11:54:07 am »
Тука возиме Land Cruiser Prado ...

Досега не видов ниту еден да биде dead lined ... значи да се заебе нешто .... Се вози на кал, се одржува до автомеханичари кои се учат на нив, со масла кои се купуваат на буриња  ...

Значи, со најшкарт одржрување, во најлоши услови, прашини, поларни зими, палење на дизел без греачи, пред некој ден баш на колегата му објансував дека дизел има греач која мора да поработи пред да го стартува моторот ...

Не знам, импресиониран сум од Тојота во поглед на издржливост ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #9 на: 26 Февруари 2012, 12:07:32 pm »
Хилукс Фаланга...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #10 на: 26 Февруари 2012, 13:10:46 pm »
Аааа даааа. Сега ми текна за Лендкрузер. Има една таква во Маалово.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #11 на: 26 Февруари 2012, 13:57:41 pm »
Се случува сепак, ама дека не покрива ништо фирмата е жално. Како и да е мислам дека 120.000 е надвор од гаранција. Што квар е ова, и што мотор користи?
Мислам дека носи мотор 3.0 D-4D со автоматски менувач, а што квар е не се разбирам многу, нека кажат поискусните

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #12 на: 30 Јануари 2024, 01:34:53 am »
Фантастичен

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Toyota Land Cruiser - Историја
« Одговори #13 на: 31 Јануари 2024, 17:42:16 pm »
Шо стори вадење тема од нафталин еј