Од Скопје до Грчка граница 6 патарини...машала. Повеќе пари ќе потрошиш на патарини него ли на гориво.
Парите може да ти ги земат и на едно место. Само кога ќе излезеш од автопат.
Тргнуваш од Скопје, зимаш тикет, пичиш до велес, на самото исклучување патарина - оп 60 денари. Пичиш до Неготино, се исклучуваш, оп рампа 120 денари. Пичиш до удово, се ислкучуваш, пак рампа оп 160. Пичиш до граница, пред граница рампа 200 денари. Ајт на здравје. Бутка за наплата после петљата за излез, не да ми го дрват 100 пати на автопат.