а од кај ке оди делницата? НИЗ планина? ке напраат тунел или...?
Според моите лаички гугл-рт фантазерски „„проценки““, веднаш после двоењето накај маврово треба да има еден вијадукт долг околу 500 метри кој ќе заврши со влез во тунел. Тунелот треба да биде долг околу 7-8 километри за да излезе некаде пред вртењето накај рудникот Тајмиште, од другата страна на стража. Од таму натаќе, треба да се направат уште само 2 пократки вијадукти за да се премостат двете остри „у“ вртења пред Колари... и, ете, автопат гостивар - кичево.
Тунел од 7-8 километри не е евтин и е прескап за да се финансира од македонскиот буџет, но затоа постои државно-приватно партнерство ко во развиениот свет: тунелот го гради приватен инвеститор (типично некој мрсен инвестициски фонд), внимателно пресметаната тунеларина е за него, а државата само треба да не глуши кур со дозволи, катастари, ово, оно и да му овозможи на инвеститорот без многу паламудење што побрзо да си ја заврши работата. Win-win.
Тунеларината ја замислувам околу 100 денари во еден правец. Можда делува скапо, ама повеќе ќе те чини горивото на качување-симињање од Стража. А како бонус ти е скратено време, зголемена безбедност, намалено амортизирање на колата итн итн. Кога ќе размислам, и рамно 2 евра или 120 денари е супер-поштена сума. Литро-ипол гориво ќе потрошиш на качувањето си-гур-но, ако не и повеќе.
Кој сака може и преку растеретената стража. Тој пат ќе си остане.
Дали некој има макар груба претстава колку коли во просек дневно минуваат преку стража? Знам дека зависи од сезона, метеорологија, дрн, дрн, но ме интересира некаква супер-груба, годишна бројка. Демек барав на интернет ама не можев да најдам.