Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 557456 пати)

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1170 на: 06 Ноември 2014, 01:16:29 am »
Прашање е колку ќе се одржува,затоа пишав гратис кршење кола.
А иначе ресен-охрид некои делници плачат за реконструкција

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1171 на: 06 Ноември 2014, 10:27:38 am »
Алтернативен пат би бил тој што сега е примарен - преку Стража.

а од кај ке оди делницата? НИЗ планина? ке напраат тунел или...?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1172 на: 06 Ноември 2014, 10:39:15 am »
последниот еколошки одржлив регион во Македонија

Пардонирам за офтопик но, морам да прашам: што точно значи „еколошки одржлив“? Прв пат слушам таков израз и љубопитен сум да дознам за неговото прецизно значење.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1173 на: 06 Ноември 2014, 10:41:35 am »
по природен пат, чиста средина...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1174 на: 06 Ноември 2014, 10:52:33 am »
а од кај ке оди делницата? НИЗ планина? ке напраат тунел или...?

Според моите лаички гугл-рт фантазерски „„проценки““, веднаш после двоењето накај маврово треба да има еден вијадукт долг околу 500 метри кој ќе заврши со влез во тунел. Тунелот треба да биде долг околу 7-8 километри за да излезе некаде пред вртењето накај рудникот Тајмиште, од другата страна на стража. Од таму натаќе, треба да се направат уште само 2 пократки вијадукти за да се премостат двете остри „у“ вртења пред Колари... и, ете, автопат гостивар - кичево.

Тунел од 7-8 километри не е евтин и е прескап за да се финансира од македонскиот буџет, но затоа постои државно-приватно партнерство ко во развиениот свет: тунелот го гради приватен инвеститор (типично некој мрсен инвестициски фонд), внимателно пресметаната тунеларина е за него, а државата само треба да не глуши кур со дозволи, катастари, ово, оно и да му овозможи на инвеститорот без многу паламудење што побрзо да си ја заврши работата. Win-win.

Тунеларината ја замислувам околу 100 денари во еден правец. Можда делува скапо, ама повеќе ќе те чини горивото на качување-симињање од Стража. А како бонус ти е скратено време, зголемена безбедност, намалено амортизирање на колата итн итн. Кога ќе размислам, и рамно 2 евра или 120 денари е супер-поштена сума. Литро-ипол гориво ќе потрошиш на качувањето си-гур-но, ако не и повеќе.

Кој сака може и преку растеретената стража. Тој пат ќе си остане.

Дали некој има макар груба претстава колку коли во просек дневно минуваат преку стража? Знам дека зависи од сезона, метеорологија, дрн, дрн, но ме интересира некаква супер-груба, годишна бројка. Демек барав на интернет ама не можев да најдам.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6676
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1175 на: 06 Ноември 2014, 11:12:08 am »
Според моите лаички гугл-рт фантазерски „„проценки““, веднаш после двоењето накај маврово треба да има еден вијадукт долг околу 500 метри кој ќе заврши со влез во тунел. Тунелот треба да биде долг околу 7-8 километри за да излезе некаде пред вртењето накај рудникот Тајмиште, од другата страна на стража. Од таму натаќе, треба да се направат уште само 2 пократки вијадукти за да се премостат двете остри „у“ вртења пред Колари... и, ете, автопат гостивар - кичево.

Јас мислам дека новиот пат ке ја следи железничката пруга, значи од Гостивар ке се префрли на другава страна на планината, паралелно покрај неа и ке се направи тунелот отприлика кај што се наога железничкиот тунел кој е долг 8 км.

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1176 на: 06 Ноември 2014, 13:03:59 pm »
Се зависи до концесионерот,ако воопшто се најди

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17606
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1177 на: 06 Ноември 2014, 15:32:35 pm »
Ова со тунелот е океј идеја со океј цена се додека нема ниту една друга патарина до Охрид и Струга. Знаејќи го македончето и гладта за секој можен денар, и покрај тунеларина ќе закачат уште две три патарини, колку да се најдат.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6676
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1178 на: 06 Ноември 2014, 16:07:00 pm »
И вијадуктарина ке воведат за вијадуктите. Ма ако и сегашниов пат што е, ако го асфалтираат и него како што треба, пак ок ке биде, кој му е подебел џебот и сака да цепа до Охрид цело време 140+, ке си вози по автопат, а оние со плиток џеб по стариов сегашен пат и решен проблем, сепак ке биде порастеретен сегашниов пат со изградбата на автопатот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1179 на: 06 Ноември 2014, 16:28:31 pm »
последниот еколошки одржлив регион во Македонија

Пардонирам за офтопик но, морам да прашам: што точно значи „еколошки одржлив“? Прв пат слушам таков израз и љубопитен сум да дознам за неговото прецизно значење.

Тој термин го користат еколозите (жена ми). Тоа значи дека ако регионот не се оптеретува со човечки активности дека екосистемот може самиот или да се обновува или да се одржува.
На пример, тој регион е со таква конфигурација да може мечка или рис да претрча преку магистралниот пат и да премине во шумата на другата страна на патот. Без малку може животните слободно да се движат.

Ако зачукаат таму автопат, го оградат со банкини и кокошкини огради тогаш ќе го намалат и онака малото живеалиште за мечките и рисовите и после тоа еко системот нема да биде одржлив и животните може ќе се истребат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1180 на: 09 Ноември 2014, 18:30:21 pm »

http://daily.mk/makedonija/skopje-dobie-najsovremen-kruzhen-tek

Не сум прошол одамна тука, мислев дека е готов веќе. Изгледа сега ќе го пуштаат.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43935
  • Il Moderatore
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1181 на: 09 Ноември 2014, 18:49:07 pm »
Ја е*аа најдобрата S кривина во градов :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1182 на: 09 Ноември 2014, 23:15:48 pm »
На фиц кривината :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43935
  • Il Moderatore
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1183 на: 09 Ноември 2014, 23:44:55 pm »
Со толку кружни текови низ Џорче, ќе мора дрифтери да станеме....


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1184 на: 09 Ноември 2014, 23:48:10 pm »
Ќе мораш да ја продаваш алфата и да се ориентираш на задна вуча :)