Од Велес до Сарамзалино (накај Штип) е прилично зезнато оти се работи и го прошируваат патот.
Градско - Прилеп: така-така, подносливо добар, со пар интересни моменти.
Прилеп - Битола: супер.
Битола - Ресен: генерално добар.
Ресен - Охрид: од страната на Ресен при качувањето нагоре - катастрофално лош. Од стеблиња пченица ќе ти учини фино мелено брашно. Спуштањето накај Охрид е сосема океј. За малце ќе изгазев некои диви животинчиња, ама изреагирав на време, па си се тргнаа настрана.