А оние камиказите на 2:00 од видеото што се шалтаат во сите ленти се за драстични казни и за ќотек, неиживеана стока.
Патот е ок, само можеби треба визуелно да се означат лентите за запирање, вака од прва гледаш три полни ленти на патот, мислам дека подобро би било лентата за запирање да е означена со зебра или некоја друга соодветна ознака, да се подразбира дека е за застанување а не за возење.
Си ибало матер добар е, влегуваш во проширувањата во лева лента и притоа долж цело проширување имаш идентични две ленти со иста ширина, ама полна линија постојано.
И нормално тие што влегле во левата, особено тие што возат испод ограничувањето, продолжуваат во левата лента, пошто полна е во средина нели ?
И ние позади што треба да правиме ? Да ти блицам да се тргнеш или да те престигнам од десната лента која е потополно со иста ширина ?
Или и таа е за застанување лента ?
Ајде објасни го ова идиотско инжењерско решение, еве и видео како сето тоа изгледа. Тешка катастрофа е патот, особено Дреново-Фариш.
Плус и на другото видео горе, на 3:48 пушти и објасни зошто на толку долг правец не е дозволено престигнување ?
И мора да се прават прекршоци бидејки на толку широк пат, на пушка правец долг 1.2 км, некој одлучил да нацрта полна линија, и потоа некој одлучува да вози 80 на саат до средната полна линија, и ние позади да сме заглавени баш заради тој што сака да вози 80.