Абе ако толку не ви чини патот, возете си по стариот, тој подобар е.
Само плачите еј, зошто полна зошто празна, зошто лева кривина зошто не десна. Јас само знам дека се крати мин. 30 мин Скопје- Битола и обратно и тоа е битното. Тој што незнај да вози, нека не вози.
Ако не па и магариња да јаваме, ич да не одиме по патишта.
Па очигледно тоа е решението за нас. Или само право нека градат, без кривини.
Неможи некој со Ланос со 90 да фаќа кривина, иако има знак 40 и да речиме само до патот е.
Ова укажува на недостиг од разбирање и стручност. Државата ги финансира патиштата – тие не се приватна сопственост за секој да ги гради како сака. А и тоа што го имаме, често е направено лошо, без план и без квалитет. Па како се избира проектантот, инженерите, работниците? Каде е стручноста? Нели некој земал пари за тоа? Каде е одговорноста?
Секое реконструирање и пробивање на патишта кај нас носи жртви. Тоа е аларм дека нешто не штима. Не може само возачите да бидат криви – потребна е и соодветна инфраструктура. Ајде сега ќе речат: „Тој со Ланос возел 90 km/h“. Добро, ама што правиме со фактот дека патот има конструктивни пропусти и е небезбеден? Кој ќе ја сноси одговорноста за парите што се потрошени?
Некој мора да одговара – како што ние, граѓаните, одговараме за нашите постапки, така треба и тие во министерствата, државните претпријатија и институциите да одговараат. Ти укради две чоколади во Тинех и ќе видиш како ќе поминеш – а овде, кога се трошат милиони за опасни патишта, никој ништо.
Зар нема толку школувани луѓе, инженери и стручњаци? Колку се тие патишта? Цела Македонија нема ни 1500 километри асфалт и тоа ако се фатат уздолж и попреку сите патишта и улички во сите градови. Какви и да се, можат да се средат и одржуваат.Нема потреба од драми не е достигнување во 21 век 2025 во очи на 26 , патишта ,патишта асфалт,лопати,и шахти само тоа е кај нас тоа е нормално да имаш што треба у несвест да се паѓа.Во македонија за 5 месеци сите патишта сите сите до еден во рамки на гранците на државата можат да се изградат рехабилитраат ако не знаеме ние има стручњаци од Сингапур,Јапан,Исланд плати го нека го направи како што треба и ајде на здравје па сите Ние сме излегле еднаш од Македонија сме виделе како во Дубаи,Мадрид,Вашингтон,Београд,Какањ..не сме 300 милиони или не знам која површна па само тоа патишта патишта неспособни едни и тоа не знаете да направите ајде гитла.Ке дојде тим машини фирми работници за 5 месеци колку кошта толку бам изволи чао пријатно.
Во Титово време патиштата се пробивале со војска и руска машинерија, и еве ги и денес, после 80 години, сè уште стојат. Очигледно биле подобро проектирани отколку сега. Ама тогаш имало и одговорност. Откако ќе се пушти пат, треба јавно да се знае кој го проектирал, кој го изведувал и кои се тие луѓе – со име и презиме – за да се види каде се грешките.А не таксиста конобар или ти партишјаш патови ке пушта и ке проектира еве и тој ке се вози по тој пат
Луѓе секојдневно укажуваат на пропусти и проблеми низ цела Македонија, со фотографии, со нацрти, со конкретни докази. И нивниот глас никаде не се слуша. Не може некој од канцеларија да знае сè – треба да се слушаат оние што се на терен, што ги гледаат и чувствуваат тие проблеми секој ден.