24V sijalicki koristete si gi vo kolite na 12V, ke usparate na kupuvanje drugi. Ja staiv na stopovite svetat so 50% intenzitet, sparaat energija, t.e. zeleni se a baska traat dodeka trae kolata.
Мајка физика не работи така.
P=5w
U=24v
I=0,2A
R=120Ω
За онаа од 12в пак ќе важи следното:
P=5w
U=12v
I=0,4A
R=60Ω
Ако сијаличката ја поврземе на 12в а е предвидена за 24 тогаш:
P=?
U=12v
R=120Ω
I=0,1A
P=0,1A*12V=1,2W
Со половичен напон, ќе тече и половична струја која е зависна од него (I=U/R). Според тоа моќноста е 4 пати помала. А тоа не е доволно за сијаличката да си ја врши работата на означување. Иако позициони светла и така немаат функција.
За да се постигне она што го сакаш ти, треба да земеш сијаличка од 10w и предвидена за 24V и да си ја ставиш на својата кола од 12V. Тогаш сијаличката ќе свети со 2.5W односно половина од она што нормално би требало да свети.
Секако треба да ја земеме предвид ефикасноста на сијаличката. Односно дека таа ефикасност се намалува со намалувањето на струјата. Па светлината која се емитува при половичен напон ќе биде 10-20% послаба отколку онаа кој се емитува во предвидениот режим.
Според тоа сијаличката ќе свети 5 пати послабо на половичен напон.
Тоа ни кажува дека за да добиеме еквивалентно светло на сијаличка од 5W, со половичен напон - потребна ни е сијаличка од 25W која е предвидена за работа на 24V, a ние ќе ја уклучиме на 12V. За среќа голем дел од сијаличките на камионите се 21W за кочници и за рикверц па може да се искористат тие.