Ок не сакам да звучам навредливо ама....по клише муабет неможеше да биде
Типичен македонски boy racer (wannabe).
Прво имаш од 15 до 18 години...
Имаш 25 годишен дизелаш „крш“ (под крш не мислам навредливо
) и сонуваш дека
некој ден ќе ставиш турбаш.
Математиките ти изгледаат логични
„Леле пеер да имв 1000 евра...Х ќе го напраев авион еј...ќе му ставам XR3 Turbo/GTI/VR6/V6/V8..."
А вечерта пред излегување се гребиш од старите за пијачка и цигари на парче...
А да...по дифолт слушаш гангста рап и омилен филм Фаст ен фјуриес...Брајан особено...Торето е лејм...ама е мадафака...
Ај сеа reality check
Другарче од ова возило никогаш нема да можеш да направиш турбаш како што сонуваш. Тоа е инвестиција од илијадници евра.
Моторот како мотор ќе го најдеш...не велам не...но не си свесен какви се не модификации треба да направиш од шасија...подвозје...се...
99% од Македонците се практични луѓе и ќе си удриш есап дека наместо да фрлиш 5000 евра на крш стар 20+ години ќе си купиш BMW 520i LPG со црна кожа...темни стакла и таман со рапот ќе си уклопи во гангста стилот...
ОК, вака кога се читам звучам како уште еден паметњакович...ама ти кажувам од искуство.
Мој совет...уживај си во ова возилце. Чувај си го...средувај си го ...прави си мерак. Економично е...претпоставувам си доста млад...учи се на него фарбање...крпење...поправање...
Клецкај девојки,...оди со друштво...шетај ја Македонијава...Таман тие 500 денари неделно џепарлок ќе можеш да си туриш црвена нафта за овие излети.
Сум го поминал тоа и верувај повеќе вреди од било што на таа возраст. Соништата се супер и тоа не движи....и сите нас овде што не читаш си имаме филм за одредена кола што сакаме некој ден да ја средиме. Тоа право никој неможе да ти го земе, особено не јас
Поздрав и уживај си на форумов, ќе научиш доста a и ние сигурно од тебе