Автор Тема: Ford Fiesta  (Прочитано 9913 пати)

Отсутен r@cer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
  • live to ride,ride to live

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #1 на: 30 Април 2012, 11:01:38 am »
Ај вака да направиме ...












Отсутен r@cer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
  • live to ride,ride to live
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #2 на: 30 Април 2012, 11:05:42 am »
vaka e podobro ja nesh sum ja utnal rabotata :P...Fala za pomoshta :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #3 на: 30 Април 2012, 15:02:49 pm »
Колку троши и колку има поминато ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #4 на: 30 Април 2012, 15:48:13 pm »
Моторчено стакло! Тазе испрано! :) BTW, нормално, како и сите што ќе ти кажат, среди тоа флеката на хауба, малце треба и онака ружно делува, не можеш многу да ја расипеш со малку шмиргла и полирање :) И извади браникот преден, викни му два чекани од внатре према надвор, има топ да биде ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #5 на: 30 Април 2012, 17:03:10 pm »
skoro ist motorov so vw mk1 1.5/1.6 dizel i mene me interesira kolku trosi kolku ide :D si go merel za kolku zabrzuva od 0 do 100 ?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #6 на: 30 Април 2012, 17:18:08 pm »
Јас дури би ти го купил ако го продаваш :)

Често ја гледав спроти Бисер...

Отсутен r@cer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
  • live to ride,ride to live
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #7 на: 30 Април 2012, 20:30:05 pm »
Zdravo na site znachi Fordot troshi 5.5 6l max najvise so e gazena e 120 km/h  vo plan e koliceto da se farba mat crna a branikot e ispraven mi se rasipa telefonot nema novi sliki xD mn solidno kolice se planira sport da bide za nekoja god da mu "Aknam" nekoj benzinec turbash a kolku ima pominato nezz tochno utre kje cirnam kje vi kazam :) koj saka poise sliki moze da me add na facebook
http://www.facebook.com/Racer084...

Отсутен r@cer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
  • live to ride,ride to live
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #8 на: 30 Април 2012, 20:41:19 pm »
[/URL][/img]

Eve ushte nekolku sliki ako gi otvori xD poshto slabo mi ide so slikive na forumov :P


Eve i slideshow ako otvori

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #9 на: 01 Мај 2012, 01:59:18 am »
Ок не сакам да звучам навредливо ама....по клише муабет неможеше да биде :)

Типичен македонски boy racer (wannabe).

Прво имаш од 15 до 18 години...

Имаш 25 годишен дизелаш „крш“ (под крш не мислам навредливо :) ) и сонуваш дека
некој ден ќе ставиш турбаш.

Математиките ти изгледаат логични  

„Леле пеер да имв 1000 евра...Х ќе го напраев авион еј...ќе му ставам XR3 Turbo/GTI/VR6/V6/V8..."

А вечерта пред излегување се гребиш од старите за пијачка и цигари на парче...

А да...по дифолт слушаш гангста рап и омилен филм Фаст ен фјуриес...Брајан особено...Торето е лејм...ама е мадафака...



Ај сеа reality check :D

Другарче од ова возило никогаш нема да можеш да направиш турбаш како што сонуваш. Тоа е инвестиција од илијадници евра.
Моторот како мотор ќе го најдеш...не велам не...но не си свесен какви се не модификации треба да направиш од шасија...подвозје...се...

99% од Македонците се практични луѓе и ќе си удриш есап дека наместо да фрлиш 5000 евра на крш стар 20+ години ќе си купиш BMW 520i LPG со црна кожа...темни стакла и таман со рапот ќе си уклопи во гангста стилот...

ОК, вака кога се читам звучам како уште еден паметњакович...ама ти кажувам од искуство.

Мој совет...уживај си во ова возилце. Чувај си го...средувај си го ...прави си мерак. Економично е...претпоставувам си доста млад...учи се на него фарбање...крпење...поправање...

Клецкај девојки,...оди со друштво...шетај ја Македонијава...Таман тие 500 денари неделно џепарлок ќе можеш да си туриш црвена нафта за овие излети.

Сум го поминал тоа и верувај повеќе вреди од било што на таа возраст. Соништата се супер и тоа не движи....и сите нас овде што не читаш си имаме филм за одредена кола што сакаме некој ден да ја средиме. Тоа право никој неможе да ти го земе, особено не јас :)

Поздрав и уживај си на форумов, ќе научиш доста a и ние сигурно од тебе ;)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #10 на: 01 Мај 2012, 08:02:41 am »
@Carpathian Lord,

На човек никогаш не можеш да му ги знаеш паричникот и проблемите...
Неблагодарен ти е овој пост....

Му направи од еден негов пост, целосен психолошки профил на членот ...

Ако ти си имал слични соништа, да правиш нешто такво и не си успеал, пошто ти го помнам муабетот, како сите Вие возите такви ѕверови, немој твојот неуспех и разочарување да му ги удираш на друг по фаца ...


@racer, само напред со замислата друже, немој да оставаш да те предомислат, ако тоа те прави среќен, go for it ...

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #11 на: 01 Мај 2012, 08:19:40 am »
Карпатиан Лорд многу лош пост другар...... демек и мене така ми беше па и тебе нема да ти биде поарно

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #12 на: 01 Мај 2012, 10:11:25 am »
Ако бидеме реални и искрени, целиот муабет на Кептн Лорд е на место. Можда малку беше посуров со окарактеризирањето на генгста стилот. Со другиот дел и јас се согласувам...
Фантазиите се едно, желбите се друго, а можностите и реалнсота се сосема различни и од едното и од другото. Реалноста е дека Фиестичето е античко, најобично без тркачка основа, каросериски не е сочувано, па како такво е и тотално неатрактивно за од него да се прави тркачко олд-тајмерче. Дополнително, дизел е! Ко што кажа Кептн, модификациите за да стане турбаш бензинец се огромни и бараат добро опремена гаража и спремен персонал. Во време ќе му бидат потребни година и кусур, а во пари 10 пати повеќе одошто му вреди Фиестата сега. А колку што сватив ова му е единственото возило, значи ќе треба или да си набави друго возило за во меѓувреме или пак да биде без воизло за сиот тој период. Од друга страна со парите кои би ги инвестирал во фиестичето за да заличи, ќе купи друг половен автомобил кој ќе биде многу подобар од евентуално спремената Фиеста во секој можен поглед освен за драг трки.
Нема логика муабетов, а желбата се граничи со фантазија.


Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #13 на: 01 Мај 2012, 10:16:56 am »
А кои сте пак вие од 6 поста да му кажете кои му се финасиските можности?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #14 на: 01 Мај 2012, 11:04:19 am »
Тејк ит изи луѓе, поздравете го новиот член, доделете му некој совет,  поддржете го во идеите, или кажете му што и дали му се исплати. Не го карајте одма, а каква музика и да слуша, негово си е :) Само лабаво :)

Јас искрено би сакал да видам дека ќе тргне да да го преправа и да добие аутцево турбо бензин машинче. Се` се прави, и шасија се појачува и кочници се менуваат. И тоа на вакво мало ефтино ауто, доста полесно!

Некогаш некои зверови излегуваат без многу пари, не мора да биде скапо. Уствари, што поефтино количе од старт, тоа поефтино ќе помине со преправките. Едно е да направиш ѕвериште од вакво ауто, а друго е да земеш да спремаш BMW 530i, каде преправките ќе те коштаат колку нова фиеста од салон.

Уште еднаш r@cer  добро дојде и полека кон твоите соништа ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.