Автор Тема: Температура на разладна течност  (Прочитано 26178 пати)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #90 на: 07 Август 2012, 20:09:27 pm »
Значи кај тебе е ок... инструментот на шалт таблата ти соодветствува со реалната температура на разладната течност што не е случај кај мене иако се друго функционира како што треба
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #91 на: 07 Август 2012, 20:14:17 pm »
Значи барај термо давач од Ауди :D

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #92 на: 24 Август 2012, 15:43:11 pm »
Денес решен проблемот со температурата.Џекот на термопрекидачот го исчистивме и перката почна да работи.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #93 на: 08 Март 2014, 17:39:30 pm »
денес забележав кога ја возам колата на отворено температурата паѓа малце под 80 степени, кога ја возам низ град си држи цело време 90 степени. Јас колку што знам без разлика кај се вози треба температурата да биде константно 90. Инаку се работи за голф 4 1.9 tdi со 115 коњи пумпа дизна мотор.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #94 на: 08 Март 2014, 17:41:39 pm »
Senzor za temperatura.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #95 на: 08 Март 2014, 17:42:13 pm »
термостатот изгледа не затвара убаво

зошто за низ град еднаш кога ќе постигне раб. темп. после цело време е отворен


Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #96 на: 08 Март 2014, 17:55:12 pm »
пред месец дена имав проблем со колата немаше воопшто сила, не примаше гас, таман ја носев на дијагностика се направи самата. пред некое време пак ми се јави проблемот и сензорот за проток на воздух го испрскав внатре кај контактите со wd 40, колата одма се поправи. Дали е можно сензорот за воздух да прави некој проблем. Сега планирав да менувам ребраст каиш, па ќе ги проверам и сензорот за температура и термостатот, дали да го менувам и сензорот за воздух ?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #97 на: 08 Март 2014, 18:00:30 pm »
немаат врска тие со овој конкретниов проблем што си го пишал,зошто ако е сензор константно би ја "ебел" работата не само на отворено

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #98 на: 08 Март 2014, 18:06:37 pm »
денес забележав кога ја возам колата на отворено температурата паѓа малце под 80 степени, кога ја возам низ град си држи цело време 90 степени. Јас колку што знам без разлика кај се вози треба температурата да биде константно 90. Инаку се работи за голф 4 1.9 tdi со 115 коњи пумпа дизна мотор.

Нормално е тоа немој да се замараш. Низ град ти стои 90 степени бидејќи радијаторот напред помалку се лади и нормално температурата е повиосока. На отворено водата во радијаторот повеќе се лади и температурата паѓа. Исто е така и кај мене на Спаркот и на Твингото. На спаркот зимно време на отворено температурата ми е меѓу 80 и 82 степена. На Твингото ми е меѓу 75 и 85 степени. Баш тие бројќи се бидејќи ги гледам преку OBD.

Во град кај спаркот е меѓу 81 и 97 степени а кај твингот меѓу 75 и 95 степени и се менува зависно од тоа дали стојам во место или возам.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #99 на: 08 Март 2014, 18:31:14 pm »
а колку е нормалната работна температура 90 степени за двете коли ?

и тие бројки што ги гледаш само на обд ги дава или и на шал табла стрелката мрда ?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #100 на: 08 Март 2014, 18:38:15 pm »
Не постои нормална работна температура туку нормален ранг на темепратура, на пример од 75 до 95 степени.

На Полото на пример интересна работа, исто како и кај Опелите, стрелката стои закована на 90 степени а температурата варира меѓу 80 и 95 степени. Кај Спаркот и Твингото нема покажувач на температура па повремено ја следам преку OBD

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #101 на: 08 Март 2014, 18:42:58 pm »
може да варира +/-5 степени а не 20 ебати колите :D

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #102 на: 08 Март 2014, 19:03:03 pm »
денес забележав кога ја возам колата на отворено температурата паѓа малце под 80 степени, кога ја возам низ град си држи цело време 90 степени. Јас колку што знам без разлика кај се вози треба температурата да биде константно 90. Инаку се работи за голф 4 1.9 tdi со 115 коњи пумпа дизна мотор.
Мислам дека сликава ќе ти помогне да си ги расчистиш дилемите

Превод од германски на гоогле транслате и он вака вика дека тоа под а) е ладна област, а тоа под б) е нормална област и нормална загреаност на колата :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #103 на: 08 Март 2014, 19:07:25 pm »
К*р нормална, нека работи колата константно на почеток на отсекот "b", да видиш што убава потрошувачка ќе вади :)

BTW, на отворено во сите режими (спуст, качување, на рамно) закована температура на 80, во градска гужва со тргни - застани, 91-92 степени.
Нормален е термостатот или да го мењам заедно со сензор за температура на разладна течност?

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #104 на: 08 Март 2014, 19:11:14 pm »
Полека дечко, смири се само културно поставив слика која што се наоѓа во упатството од мојот пасат, па бидејќи го имам истиот мотор како Dean, ја поставив сликата за него. Не мора да значи дека ова важи и за твоето возило, сум чул дека на Peugeot 206 многу брзо се дига стрелката на 90 степени.