Ги проверив осигурачите и тие се ОК. Халогенката H4 е дупла за кратки и долги светла, долгите работат само е прегорена за кратко светло од кај страната на возачот!
Го гледав видео клипот, но тука се работи изгледа за Тoyota Corolla. Кај мене халогенката е заштитена со гума само вири конекторот. Изгледа треба наjнапред да се извади некако гумената (пластичната) заштита па потоа да се вади халогенката. Затоа народе ми треба помош од некој кој има практично искуство околу менување на халогенката на Toyota Yaris од 2001г.
Благодарам