Еве го ветеното видео,снимано вчера на први мај на Тиквешкото езеро,поточно патот до местото викано Голеш.
Почнав да снимам од браната,патот таму е коцка,до таму е асфалт ама нагорнини и се вози 2-3 брзина.
Од 1:24 почнува опасна нагорнина,земјен пат во лоша состојба,на моменти имаше проклизување од погонските тркала,се вози прва брзина односно се лази,во кола четворица + багаж,температурата се качи некаде до 96-97С,кога и вклучуваат перките.
Од 2:40 патот малку нагорнина но од земјен преминува во капрест,буквално на места се возе по карпа која е испукана со остри врвови,тука температурата си дојде на нормала од 90С.
Овој пат се вози цела пролет,лето на 40С+, и есен скоро секој викенд,кога времето е убаво нормално .
П.С Колку пати само е возен овој пат дрво пијан,навечер ......и муабетот што се прави игнорирајте го