Ете де, види колкава автономија имаат моменталните возила што работат исклучиво на струја.
e-Golf - 133 km
Nissan Leaf - 120 km
BMW i3 - 128 km
(Бројкиве се брзинско Гуглање, не мора да се точни, ама се клоус инаф.)
Со која од овие коли ќе стигнеш со една батерија до Охрид?
Не зборуваме за овие коли, зборуваме за технолошкиот прогрес, побидено од веста за новите батерии на Фолксваген. Кога би била листава како следнава:
e-Golf - 533 km
Nissan Leaf - 520 km
BMW i3 - 528 km
тогаш остатокот од муабетот паѓа во вода. А ние зборуваме токму за тоа, значи кога батериите би имале 500км душа.
Ја телефонот заборавам да го стаам на пунење, не па колата..
Телефонот да, ама колата не. Башка ќе си имаш уште една батерија резерва, кога ќе ја заборавиш едната ќе ја монтираш втората (а првата ќе ја уклучиш у струја) и ќе цепаш.
Кога кола на струја ќе има реална (не на хартија) автономија од 500 километри, можеме да праиме мубает. Знаете колку е real-world автономија на Nissan Leaf? Помалку од 100 километри.
Па и ние збориме за тоа. А се надевам дека кога ќе дојде технолошкиот breakthrough, Нисан ќе направат опција за Leaf да му направиш retrofit со нов тип на батерија па нова кола од 30.000 евра да не ти станат obsolete после 5-6-7 години, дај боже што поскоро да испаднат такви нови батерии со голем капацитет.
Патем, и јас со Спаркот имам автономија од 1000+ км, но радо би ги симнал на 300км да речеме, кога би знаел дека на секои 50км имам батериска станица кај која ќе потрошам 5 минути и ќе ставам полна батерија што ќе ме држи следните 300км.