Автор Тема: Вести од Автомобилскиот Свет  (Прочитано 367795 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #990 на: 27 Април 2015, 21:09:02 pm »
Се разви многу интересна дискусија на Reddit, баш за ова. Според она што луѓето таму го кажуваат, процесот за добивање на синтетичкото гориво е енергетски неефикасен, али со обновливи извори на енергија станува исплатлив.

Не е ова некој пронајдок, него е интерпретација на (релативно) стара технологија со модерни примеси. Во секој случај, значаен чекор напред, али не и долгорочно решение. Јас иднината сè уште ја гледам во електрични возила (Volkswagen има 5% во QuantumScape, производител на Solid-State батерии кои ветуваат 430 милји на полнење.) или во возила што ќе користат водород како гориво. Еден од најглавните проблеми е инфраструктура - а постоечката инфраструктура за фосилни горива може (повторно, релативно) лесно да се адаптира за складирање и точење водород.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #991 на: 27 Април 2015, 21:50:25 pm »

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #992 на: 28 Април 2015, 00:36:01 am »
или во возила што ќе користат водород како гориво. Еден од најглавните проблеми е инфраструктура - а постоечката инфраструктура за фосилни горива може (повторно, релативно) лесно да се адаптира за складирање и точење водород.

Водородот е проблематичен за складирање. Затоа е примамлив процесот за користење на вишокот енергија од сонцето или ветерниците, за синтетизирање на течно гориво.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #993 на: 28 Април 2015, 09:56:38 am »
Затоа пишав релативно лесно. Трошоците се големи, ама е изводливо, и добар дел од инфраструктурата веќе постои (објектите, ако ништо друго). Гледав на Дискавери (или НатГео, не ми текнува) емисија баш за ова пред неколку години.

BetterPlace иницијативата на Renault требаше да понуди viable инфраструктура за надминување на range anxiety на електрични возила преку станици за брза промена на батерии, ама никад не тргна проектот како што треба. Колку што сеќавам нешто мрдна во Израел (прва земја каде што нешто направија) и после тоа требаше да почнат во Данска па низ Европа, ама ништо не се деси.

Конкретно, ако јас се прашувам - електрични возила се вистинското долгорочно решение, ама нема да станат мејнстрим прифатливи сè додека не понудат респектабилна автономија (рецимо 500+ км со едно полнење, без разлика дали е во градски услови или на отворено) и значително побрзо полнење на батериите - рецимо 80-90% за 10-тина минути.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #994 на: 28 Април 2015, 10:26:35 am »
Mене и понатаму најмногу ми се свиѓа „пропаднатата“ идеја на „Рено“ во која батериите просто не се интегрален дел од автомобилот туку се менуваат. Баш ми е гајле колку долго се полнеле - си зимам тазе напунета, а старата ја оставам на пуниење.

Кај зборот „пропадната“ употребив наводници затоа што ретко која добра идеја успеала од прва. Ако првиот неуспех треба да ја покопа идејата, тогаш никогаш немаше да направиме - шознам - ракета или авион.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #995 на: 28 Април 2015, 10:47:54 am »
А нафтените компании колку лесно може да се адаптираат за да понудат електрична енергија како енергенс?
Многу тешко, скоро невозможно нели?
Значи прифаќањето на идејата нема врска со автономијата на возилата ниту па дали успеала од прва или не. Прифаќањето на идејата зависи од тоа колку е попрофитабилен моделот за користење и дистрибуција на електрична енергија за придвижување на возила во споредба со профитабилноста на моделот за фосилни горива.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #996 на: 28 Април 2015, 10:51:28 am »
Борбата за профит може делумно, но не и целосно да го забави технолошкиот напредок. На пример, винилните плочи и цедеата нудеа каде-каде повисоки профитни маргини, па - сеедно - во изумирање се.

Примери има безброј. Профитот секако ги обликува бизнис моделите, но сигурно не ги детерминира апсолутно, во целост. Бизнис моделите, порано или подоцна, се менуваат за да одговорат на новите технологии.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #997 на: 28 Април 2015, 11:22:52 am »
Така де, тоа и јас велам.
Треба технологијата да стане доволно профитабилна и да ја надмине профитабилноста на нафтениот модел, или пак треба да биде не толку многу профитабилна но нафтата како ресурс да стане ретка. Или пак земјите што се технолошки лидери да снемаат пристап до нафта. Но тоа за жал не се случува. Моја претпоставка беше дека скандинавците ќе го скршат мразот, но ете и тие имаат огромни количини на фосилни горива. Малку надеж ми влева тоа што Норвешка има толку многу пари што може да си дозволи прифаќање на електрична технологија за сметка на намалување на нафтеното производство, па тоа да биде иницијалната каписла.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14174
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #998 на: 28 Април 2015, 11:43:44 am »
Што се однесува во алтернативни горива, јас мислам дека електричните возила се иднината. Работата е како да се произведе таа струја на соодветен начин.

Соларни панели и новиот тип на „нуклеарни“ централи од типот на Лего коцки (повеќе компоненти евтини за производство се склопуваат каде сакаш).



Идејата е одлично, само моожеби поинакво „извршување“.

Сите нафтени компании да вложат во ова, Американската влада, ЕУ, ...инвеститори...ќе биде зафат како Египќаните кога ги граделе Пирамидите...ама го решаваш проблемот со струја на целиот свет. Притоа не мислам само да биде ова сконцентрирано на еден континент.

Ќе лапаат пари од проценти за ова, одржување, спроведување.

Колите соодветно преправени. Полењето да биде или на станица или со plug and play батерии.

Евериуан хепи.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #999 на: 28 Април 2015, 11:46:03 am »
Во теорија, возилата можат да се полнат и соларно а можат и да се полнат преку самиот асфалт бежично.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1000 на: 28 Април 2015, 12:01:04 pm »
Во теорија, возилата можат да се полнат и соларно а можат и да се полнат преку самиот асфалт бежично.

Постоечките соларни панели не се доволни за погон на колата (ако мислеше панел на кров или така нешто). Доволни се за радиото и сијаличките унутра евентуално.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1001 на: 28 Април 2015, 12:07:48 pm »
Не за погон, туку кога ќе ја оставиш на сонце на паркинг сабајле кога ќе стигнеш на работа, кога ќе се враќаш после 8 саата да има +10-20% на батеријата да речеме.
Интересно би било како што експериментираа (во Америка или Норвешка) не се сеќавам баш, под асфалтота има еклектроди кои прават ЕМ поле и како што се движи колата влече струја. Нешто како оние јапонскине возови што лебдат троа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1002 на: 28 Април 2015, 12:11:23 pm »
Mене и понатаму најмногу ми се свиѓа „пропаднатата“ идеја на „Рено“ во која батериите просто не се интегрален дел од автомобилот туку се менуваат. Баш ми е гајле колку долго се полнеле - си зимам тазе напунета, а старата ја оставам на пуниење.

Кај зборот „пропадната“ употребив наводници затоа што ретко која добра идеја успеала од прва. Ако првиот неуспех треба да ја покопа идејата, тогаш никогаш немаше да направиме - шознам - ракета или авион.

Менувањето е океј и практично, ако имаш автономија од 500 или повеќе километри. Адрвајз, ќе треба една станица за мењање батерии да има до Охрид, најмалку две до Солун. Такво заебавање на никого не му треба.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1003 на: 28 Април 2015, 12:24:12 pm »
Зошто? Па сега до охрид има кој знае колку пумпи, можеби и 30 да ги има.
Мене не ме загрижува тоа, ме загрижува животниот век на баетријата. Не би сакал да тргнам сонова батерија, да ја испразнам, па на „бензинска“ тоест батериска, да ми дадат недополнета или амортизирана батерија па да ме заебат.

Затоа, кога би имал електрична кола би сакал на предното лево тркало да имам прикачено мало двотактно моторче од 100 кубика (без менувачи, диференцијали и други срања), што ќе зафаќа многу малку место и кое би можело да ме истурка до следната батериска станица макар и со 30км/ч. (узбрдо би било проблем ама јебига, нек се случува еднаш у годината). Ќе му се јавам на Боро и ќе ми донесе батерија ;D или пола батерија или четвртина батерија, ако мора да ми ја носи со моторче или со автобус ;D
Би бил задоволен.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1004 на: 28 Април 2015, 12:26:47 pm »
Да, има 30 пумпи. Ама со полн резервоар тргнат од Скопје, сигурно нема да застанеш на пола пат да полниш гориво. А ако треба со полна батерија на пола пат да застанеш да смениш батерија (рачунај дека имаш успон голем на стража, таму значително повеќе би се трошела батеријата), па уште да чекаш саат време на ред (менување трае мислам околу 5 минути, ете нека има 10-15 коли пред тебе), па тек тогаш да продолжиш.. Ти ебем и струја и све.