https://kajgana.com/proglaseni-10-te-najdobri-motori-za-2018-godinaWards Auto веќе четвртина век доделува награди за најдобри мотори на годината. На листата секогаш се наоѓаат сè повеќе кандидати, а оваа година меѓу нив се најдоа и два електрични и два хибридни системи.
Големо изненадување е што меѓу најдобрите не се најде ниту еден германски мотор. Иако станува збор за американски избор за северноамериканскиот пазар, каде ги нема сите европски модели во продажба, германските производители секоја година добиваа барем две награди.
Овогодишната листа на освојувачите за најдобар мотор за 2018 година изгледа вака:
• 150-kW Electric Propulsion System (Chevrolet Bolt EV)
• 3.6L Pentastar DOHC V-6/PHEV (Chrysler Pacifica Hybrid)
• 2.7L Twin Turbo DOHC V-6 (Ford F-150)
• 5.0L DOHC V-8 (Ford Mustang GT)
• 130-kW Fuel Cell/Electric Propulsion System (Honda Clarity)
• 2.0L VTEC Turbocharged DOHC 4-Cyl. (Honda Civic Type R)
• 3.0L Turbocharged DOHC V-6 (Infiniti Q50)
• 2.0L Turbocharged DOHC 4-Cyl. (Jaguar XF)
• 3.3L Turbocharged DOHC V-6 (Kia Stinger)
• 2.5L Atkinson DOHC 4-Cyl./HEV (Toyota Camry Hybrid)