^^
Тоа е идеалната ситуација.
Реалноста е од прва рака препишување терапија. Дури и да се оди на испитување, ако немаш врски истото се врши проформа и површно, потоа пак се оди со стандардната терпија „пиј што повеќе апчиња цел живот“.
Мое искуство, одам на доктор за проблеми со желудочна киселина навечер. Докторов вели, еве ти лекови пиј ги некое време. Колку време, прашувам. Паа... Неколку месеци па ќе видиме дали ќе ти помогнат, ако ти помагаат ќе си ги пиеш до крај на животот.
Нормално, одбив. Дома истражував на нет неколку денови, и видов дека моите симптоми совршено одговараат на ситуација со оштетен сфингтер меѓу хранопроводникот и желудникот. Ако јадам навечер, кога ќе легнам сфингтерот не го држи целосно затворен патот назад кон хранопроводникот и по некое време од желудникот истекува киселина назад кон хранопроводникот. Кога киселината ќе дојде до дишникот се будам со панично чуство дека ќе се задушам.
Решенија има неколку. Едното е операција, но таа не носи секогаш подобрување и носи приличи ризици. Второто е пиење лекови за регулација на киселината во желудникот.
Третото решение, кое јас го одбрав... Е ДА НЕ ЈАДАМ НАВЕЧЕР!

Неоспорно третото е најдобро решение, ама него докторот не ти го препорачува. Извесно заради тоа што во тоа решение нема профит.
Откога не јадам навечер, немам проблеми. Или имам проблеми кога во ретки ситуации „морам“ да јадам навечер. Тогаш спијам со два големи јастуци.
Нејсе. Ти Симо народните лекови ги поистовети со „маѓии и бабини деветини“. Немаш право и јас на тоа реагирав. Никаде не реков да не се оди на доктор, но кажувам дека секогаш е паметно да се прашува за второ мислење, плус сопствено информирање на нет.