За колкав бил човековиот век пред 100 години до сега, вакцините се само еден од многуте фактори кои влијаеле, ама тоа не значи дека векот им се продолжил поради вакцините. Оди ова кажи го на некој родител чие дете баш поради ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ вакцини има добиено некоја болест или воопшто не преживело. Затоа веќе и не се задолжителни некои вакцини. Јас немам ништо против вакцините, ама кога знам дека денес се се сведува на профит и не се гледа на квалитет, затоа и излегоа протести против вакцините. Кога купуваа/увезуваа евтини вакцини од БГ, кога доста многу деца заболеа од “квалитетните“ вакцини, народот се дигна на нозе, што е нормално, а најтрагично од се е, целата работа, целиот валкан бизнис се затапка/затаја како ништо да не било. Јас, кога би имал дете, како и сите останати родители би го вакцинирал, иако сум строго против вакцина, ама да кажувате дека со вакцините векот ни се продолжил, исто е како да викате американците водат мир во светот.