Ајде и јас нешто да прашам, односно што ми треба:
Да ми препорачате некој Алое Вера гел, без разлика на цената, не за пиење туку за мачкање,
и дали специфично во некоја аптека ги има Eucerin производите по подобра цена?
Ако некој го интересира зошто ми треба можи да прочита на долу, инаку скокнете го?
Значи имам
Дисхидротична егзема на рацете и веќе влегов во 4-та недела, а почнав со третман после 2-та недела. Првата недела од третманот вклучуваше вибрамицин антибиотици х5, цетризен 10мгх10 таблети (сеуште ги пијам), Chloramphenicol(антибактериска) маст и облоги со acidi borici sol. 3% раствор. После таа недела ништо не се подобри само се влоши ситуацијата и почна да ми изглегуваат поткожни меури на прстите а и на горната и долната страна од рацете што благодарение на интернетот можев сам да си „дијагностицирам“. Во оваа втора недела докторката од болница ми препиша друга маст за мачкање и уште 5 други антибиотици. Оваа маст е Белогент и содржи кортикостероиди кои еве после првото користење од поголемите „рани“ престанаа да ја лачат безбојната течност и колку толку за нив се подобрува ситуацијата. Меѓутоа стероиди ко стероиди колку се добри појќе се и штетни и си имаат нус појави после долготрајна употреба, па не ни планирам да ја користам маста повеќе од 1 недела (денес трет ден).
Која е причината за оваа „болест“ или алергиска реакција?
- Епа сегде каде што прочитав нема точен одговор и за секој е различно, па вика можно е реакција на кожата на некои метали како никел(во конзервите), хром, кобалт, па пречусвителност на домашна прашина(тие микроскопските инсекти), хемикалии, детергенти, одредена храна, прекумерено миење нарацете итн, а лек за три пари нема.
А мене од што ми е јас не знам, ама некако еден дечко на јутуб со да не речам благи симптоми во однос на мене, кажа некои работи што држат вода.
Од тоа што тој го кажа барем кај него причината е што кожата на рацете се суши и иритира од прекумерена употреба на сапуни, шампони и слични продукти кои содржат една супстанца кои ја иритираат кожата. Се работи за Sodium laureth sulfate. Па одам да проверам шо ја содржи оваа хемикалија кај мене и гледам: Шампонот од Wash&Go, Avon, Syoss, и уште еден, па гелот за туширање од Авон, пената за бричење Top for Men, a најбитно од тоа што најповеќе го ставам секојдневно е сапунот за раце Тео, дома и наработа. А пошто често го користам него, преку 5-10 пати дневно се миев раце со истиот некако почнувам во него да се сомневам и се останато со оваа супстанца.
Па сега сакам да променам нешто пошто нема easy fix за овој проблем, па почнав да барам сапуни, шампони и други хемикалии кои ќе ги користам во иднина а да не ја содржат оваа хемикалија.
Друго што вреди да се напомени е што истата хемикалија ја нема во следните производи кои јас ги имам дома: кремови а раце, регенератор за коса (Orcene и Syoss), лосионот Авон за после бричење, мислам Feya средството за садови и слично...
Сега моментално планирам да земам некој Алое Вера гел и Eucerin Intensive Hand Cream 5% Urea бидејќи на фемина нешто читав на некои им помогнал, па до петок да видиме каква ќе биди ситуацијата.
Петок сум на контрола и можно е преку викенд ако јас одберам и ако нема подобрување да ми шибаат некои инекции (најверојатно стероиди).
Поздрав.
