Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1819038 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Ако толку ти се проблем, извади ги.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
јас би го послушал советот на мартин... а тоа го практикувам и јас самиот околу 15-тина години... пред одприлика толку време на сопругата и констатираа мртов плод во бременост... после несакајки да се помириме со тој факт отидовме кај друг доктор кој се изнасмеа слатко, и дури и полот ни го кажа... тој мртов плод у моментов има 14 и нешто години, жива е, трча, и увелико ја тресе пубертет...

мамата мамина и ја расплакав на првата докторка која констатираше мртов плод... сите хартии низ цела ординација и беа... а нај битното е дека ја изгубив довербата во докторите тогаш... како што вика мартин, за посериозни медицински работи, секогаш побарај си второ мислење...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Ако толку ти се проблем, извади ги.
Нормално.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Ајде и јас нешто да прашам, односно што ми треба:

Да ми препорачате некој Алое Вера гел, без разлика на цената, не за пиење туку за мачкање,
и дали специфично во некоја аптека ги има Eucerin производите по подобра цена?


Ако некој го интересира зошто ми треба можи да прочита на долу, инаку скокнете го?

Значи имам Дисхидротична егзема на рацете и веќе влегов во 4-та недела, а почнав со третман после 2-та недела. Првата недела од третманот вклучуваше вибрамицин антибиотици х5, цетризен 10мгх10 таблети (сеуште ги пијам), Chloramphenicol(антибактериска) маст и облоги со acidi borici sol. 3% раствор. После таа недела ништо не се подобри само се влоши ситуацијата и почна да ми изглегуваат поткожни меури на прстите а и на горната и долната страна од рацете што благодарение на интернетот можев сам да си „дијагностицирам“. Во оваа втора недела докторката од болница ми препиша друга маст за мачкање и уште 5 други антибиотици. Оваа маст е Белогент и содржи кортикостероиди кои еве после првото користење од поголемите „рани“ престанаа да ја лачат безбојната течност и колку толку за нив се подобрува ситуацијата. Меѓутоа стероиди ко стероиди колку се добри појќе се и штетни и си имаат нус појави после долготрајна употреба, па не ни планирам да ја користам маста повеќе од 1 недела (денес трет ден).

Која е причината за оваа „болест“ или алергиска реакција?
- Епа сегде каде што прочитав нема точен одговор и за секој е различно, па вика можно е реакција на кожата на некои метали како никел(во конзервите), хром, кобалт, па пречусвителност на домашна прашина(тие микроскопските инсекти), хемикалии, детергенти, одредена храна, прекумерено миење нарацете итн, а лек за три пари нема.

А мене од што ми е јас не знам, ама некако еден дечко на јутуб со да не речам благи симптоми во однос на мене, кажа некои работи што држат вода.
Од тоа што тој го кажа барем кај него причината е што кожата на рацете се суши и иритира од прекумерена употреба на сапуни, шампони и слични продукти кои содржат една супстанца кои ја иритираат кожата. Се работи за Sodium laureth sulfate. Па одам да проверам шо ја содржи оваа хемикалија кај мене и гледам: Шампонот од Wash&Go, Avon, Syoss, и уште еден, па гелот за туширање од Авон, пената за бричење Top for Men, a најбитно од тоа што најповеќе го ставам секојдневно е сапунот за раце Тео, дома и наработа. А пошто често го користам него, преку 5-10 пати дневно се миев раце со истиот некако почнувам во него да се сомневам и се останато со оваа супстанца.

Па сега сакам да променам нешто пошто нема easy fix за овој проблем, па почнав да барам сапуни, шампони и други хемикалии кои ќе ги користам во иднина а да не ја содржат оваа хемикалија.
Друго што вреди да се напомени е што истата хемикалија ја нема во следните производи кои јас ги имам дома: кремови а раце, регенератор за коса (Orcene и Syoss), лосионот Авон за после бричење, мислам Feya средството за садови и слично...

Сега моментално планирам да земам некој Алое Вера гел и Eucerin Intensive Hand Cream 5% Urea бидејќи на фемина нешто читав на некои им помогнал, па до петок да видиме каква ќе биди ситуацијата.

Петок сум на контрола и можно е преку викенд ако јас одберам и ако нема подобрување да ми шибаат некои инекции (најверојатно стероиди).

Поздрав.  :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
на фемина нешто читав


Извини за цитатов. Морав :P
Со среќа другар, ова многу лошо изгледа. Ти посакувам многу среќа и успех во лекувањето.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Абе жени опседнати со кожа, овој препарат оној, знајш си велам повеќе знаат, па кајгана, па уште негде и толку, пресуше македонскиот извор...  :)

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Ајде и јас нешто да прашам, односно што ми треба:

Да ми препорачате некој Алое Вера гел, без разлика на цената, не за пиење туку за мачкање,
и дали специфично во некоја аптека ги има Eucerin производите по подобра цена?


Ако некој го интересира зошто ми треба можи да прочита на долу, инаку скокнете го?

Значи имам Дисхидротична егзема на рацете и веќе влегов во 4-та недела, а почнав со третман после 2-та недела. Првата недела од третманот вклучуваше вибрамицин антибиотици х5, цетризен 10мгх10 таблети (сеуште ги пијам), Chloramphenicol(антибактериска) маст и облоги со acidi borici sol. 3% раствор. После таа недела ништо не се подобри само се влоши ситуацијата и почна да ми изглегуваат поткожни меури на прстите а и на горната и долната страна од рацете што благодарение на интернетот можев сам да си „дијагностицирам“. Во оваа втора недела докторката од болница ми препиша друга маст за мачкање и уште 5 други антибиотици. Оваа маст е Белогент и содржи кортикостероиди кои еве после првото користење од поголемите „рани“ престанаа да ја лачат безбојната течност и колку толку за нив се подобрува ситуацијата. Меѓутоа стероиди ко стероиди колку се добри појќе се и штетни и си имаат нус појави после долготрајна употреба, па не ни планирам да ја користам маста повеќе од 1 недела (денес трет ден).

Која е причината за оваа „болест“ или алергиска реакција?
- Епа сегде каде што прочитав нема точен одговор и за секој е различно, па вика можно е реакција на кожата на некои метали како никел(во конзервите), хром, кобалт, па пречусвителност на домашна прашина(тие микроскопските инсекти), хемикалии, детергенти, одредена храна, прекумерено миење нарацете итн, а лек за три пари нема.

А мене од што ми е јас не знам, ама некако еден дечко на јутуб со да не речам благи симптоми во однос на мене, кажа некои работи што држат вода.
Од тоа што тој го кажа барем кај него причината е што кожата на рацете се суши и иритира од прекумерена употреба на сапуни, шампони и слични продукти кои содржат една супстанца кои ја иритираат кожата. Се работи за Sodium laureth sulfate. Па одам да проверам шо ја содржи оваа хемикалија кај мене и гледам: Шампонот од Wash&Go, Avon, Syoss, и уште еден, па гелот за туширање од Авон, пената за бричење Top for Men, a најбитно од тоа што најповеќе го ставам секојдневно е сапунот за раце Тео, дома и наработа. А пошто често го користам него, преку 5-10 пати дневно се миев раце со истиот некако почнувам во него да се сомневам и се останато со оваа супстанца.

Па сега сакам да променам нешто пошто нема easy fix за овој проблем, па почнав да барам сапуни, шампони и други хемикалии кои ќе ги користам во иднина а да не ја содржат оваа хемикалија.
Друго што вреди да се напомени е што истата хемикалија ја нема во следните производи кои јас ги имам дома: кремови а раце, регенератор за коса (Orcene и Syoss), лосионот Авон за после бричење, мислам Feya средството за садови и слично...

Сега моментално планирам да земам некој Алое Вера гел и Eucerin Intensive Hand Cream 5% Urea бидејќи на фемина нешто читав на некои им помогнал, па до петок да видиме каква ќе биди ситуацијата.

Петок сум на контрола и можно е преку викенд ако јас одберам и ако нема подобрување да ми шибаат некои инекции (најверојатно стероиди).

Поздрав.  :)


имаш пп

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Смени го докторот, кога е во прашање медицинска ситуација која се повторува повеќе пати, задолжително е да се слушне мислење од повеќе стручни лица во областа.
Морав да те цитирам, ни сам не си свесен каде се не бев и тоа уште од мали нозе. Сите ми кажуваат најразлични терапии. На 5-6 години матичната што ми беше кога и да кренам температура и имам загноени крајници ми удираше инекции и кога се враќав дома од болница по пат пак кревав температура и тоа висока 39. Отидов на дежурен и два дена бев на инфузија поради терапијата од матичниот лекар. Потоа сменив матичен и тој ми препорача да идам у Дојран таму ќе сум се излечел. Бев таму доолги години на летување. Дури успеав и таму сред лето да кренам висока температура и таму на дежурен ми дадоа терапија да ме мачкаат со ракија и на секој пола саат туширање а крајници никако вадење. Сегашниов матичен што ми е, пред некој месец бев и исто инекции и антибиотик амоксиклав ми дава терапија и ми препорача да јадам сладолед и ладен газиран сок. Бев во Ѓорче на дежурен таа се зачуди од терапијата на матичниот лекар, ми даде инекција. Овој викенд пак болен со загноени крајници и висока температура, бев на дежурен во Валандово ми даде инекција, за вадење на крајниците му спомнав ама ми рече до сега нели сум истрајал толку да не ги вадам дека тие биле филтер еден вид  ??? 
Следно што планирам е да зимам упут од матичен и да идам на специјалист за уво, нос и грло да видам тој што ќе ми каже оти вака веќе небива   :-\
Инаку моменталната состојба во Валандово е што има само еден матичен и нема избор, така да..  ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Абе чаре шо да им праам на овие мојте крајници  ???
Октомври бев два пати со висока температура од 39 степени и се влечев по болници со инекции и терапии со антибиотик амоксиклав ама тоа привремено само помага, после ноември добар бев за да декември пак се разболам, јануари исто два-три пати бев болен со загноени крајници и висока температура и еве сега февруари пак. Операција требаше да им правам како мал, ама се бркав со сестрите низ болница па ништо од операцијата, а сега се мислам дали да правам операција и да ги вадам, правев муабет со еден доктор и ми рече подобро да не ги вадиш. Ама па од друга страна преку глава ми е веќе, малце промена во времето и јас болен  >:(

Правилото е:

Ги вадиш,
доколку имањето на крајниците ти создава повеќе штета отколку корист. Подобро да ги немаш отколку цело време да си болен и да го истоштуваш имуниот систем.

Не ги вадиш
Доколку си мислиш дека ти сметаат а ништо повообичаено не се настинуваш од нормалното.

Муабетот е тука, дали дефинитивно крајниците се причинител на честото настинување. Дали можеби имаш поспецифичен тип на крајници а со тоа можеби треба да имаш подобра орална хигиена. Пример да ја плакнеш устата со чај од жалфија, течности за плакнење, почесто миење заби доколку треба и со конец. итн

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
@Passat3B друже чим константно имаш проблем со крајниците прашање на време е кога ќе ги вадиш. 2001 и јас го имав истиот проблем, во Воена болница тој специјалистот за уво, грло нос ми го кажа истото што и Семоќниот погоре го кажа. Наоѓај доктор да те сече што поскоро и ич не му ја мисли.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Фала ви момци, и јас сакам да ги извадам оти преку глава ми е веќе преку недела болен да бидам со загноени крајници и висока температура, само треба да се консултирам со специјалист за уво, нос и грло.
Него Дибидус, рече си ги извадил ти твоите, како иде операцијата, боли, гадна е (во смисол ти се гаде), колку време трае, колку време се лежи во болница, после тоа како се осеќаш?  :)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Крајниците ми ги вадеа со локална анестезија, не боли додека ти ги вадат ама отпосле е у мичку патерину. Првите 4-5 дена ако добро се сеќавам се пие некој чај само и тоа голтка по голтка, е тогаш ти се ебе мамата. Како голташ така имаш чувство како нож да те сече низ грлото, заебано во секој случај. После тие 4-5 дена почнуваш полека да јадеш супи, млеко и бисквити и такви бебешки работи, малте не во следните две недели тоа ќе ти биде главната исхрана. Инаку, самата операција трае многу кратко, 10-тина минути, заебано е што устата ти е отворена и додека ги сечат крајниците (или поарно да речам "ги лупат" како кога лупиш банана) крвта ти тече директно во грло, ти ставаат они од тие цевчињата што ја шмукаат крвта надвор од усната шуплина ама џабе, еден дел ти иде директно во грло и почнуваш да се гушиш а тој идиотот што ме оперираше не ми даваше да плукам. Е, кога веќе не можев да издржам, ќе се загушев, несакајќи го исплукав и лом го направив. Се изнервира дебилот кој се нарекува доктор и ме остави така маме да му ебам, сестрите ме средуваа после па и ме убедуваа да сум се смирел да не сум правел проблеми пошто сакав да го удрам (ми избега, за малце не го удрив). Е сега да не забегувам јас, се лежи 10 дена во болница ама пошто у Воена болница тоа време (2001 год, а јас питомец) беше исто како во Бардовци да се лежи, јас не можев да издржам 10 дена во болница а бев решен да побегнам а бегството од Воена болница за мене се рачунаше како и бегство од вооружените сили, па да не направам беља преку врски средив да ме пуштат 7-миот ден на домашно боледување. Чувството дома е прајслес, си лежиш, гледаш филмови, глумиш болен, сите се вртат околу тебе, милини  ;D. После 10 дена лежење дома се враќаш во реалноста  ;D.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
И мене ми се извадени. Вади тоа ѓубре не го трпи. Жртвуваш 4-5 дена за цел живот раат.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
A каква улога имаат всушност крајниците? Може има некоја причина што не сакаат да му ги извадат

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
A каква улога имаат всушност крајниците? Може има некоја причина што не сакаат да му ги извадат

Колку што знам, тие се прва одбранбена линија при можности за заболување на белите дробови или гастро-интестиналниот тракт.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.