http://surgery.about.com/od/beforesurgery/a/SurgeryCost.htmhttps://answers.yahoo.com/question/index?qid=20120815174152AAP2ffVПогоре детално ти одговорив, изгледа не си прочитал. Прочитај пак, кратко е напишано. Мислам дека мешаш операција со сервис на кола. Не е исто. Поготово за делот „бесплатно“.
Луѓето многу ретко имаат една иста операција. Освен некои рутински како слепо црево, жолчка, крајници и слично другите се многу комплексни и индивидуални. Штом башка треба во странство д аоди, голема е веројатноста дека е бајаги комплексна операцијата и не е рутинска. Значи има неколку болници низ светов што можат да го направат тоа, со неколку хирурзи кои може да го направат тоа. Башка голем дел од нив нема да се нафатат воопшто да прават некои работи па уште се намалува бројот.
Значи ти кога ќе отвориш таму, откога е успиен човекот и ризиците од анестезијата, почнуваш да сечеш во друг човек. И крпиш нешто таму на лице место, рачунај прв пат во живот го гледаш тој човек пресечен, не бил претходно отворен за да се спремиш, туку отвараш и работиш. Што се прави се прави во тие саат-два-20 саати и толку. Проблеми за време на процедурата, закрепнување, проблеми со закрепнување. Пази, ти за колата се притресаваш како ќе ти ја исфарбаат и сакаш да е ваква-таква и викаш да те сече некој и да премостува нешто за беспари или слично? Да ризикува да успива човек. Да го спреми, да го доведе во состојба за операција, да го расече, да се пика во што е можно помало дупче за да не прави голема лузна, на невидено да смисли решение за потребите и на невидено да смисли решение за проблемите кои неизбежно ќе се јават во текот на операцијата, да се грижи за пациентот да закрепне, и потоа да се грижи за пациентот во претстојните години со потенцијалните проблеми од интервенцијата.
За разлика од сервис на кола каде може да се рече вака:
1. Делови 300еур.
2. Сервис 200еур.
3. Мајстор 200еур.
4. Ќебапи 50еур.
Кај работата со луѓе е различно. Не е:
1. Сала
2. Анестезиолог
3. Хирург
4. Сестра
5. Денови во болница
Туку е покомплексно, заради одговорностите, заради осигурањата, заради тоа што е живо битие тоа врз кое се работи. Треба да се направи пресврт во нечиј живот после кој момент тој човек ќе го дели својот живот на два дела пред операцијата и после операцијата. За вториот дел одговорноста е многу голема, може да умре. Може да е сакат. Може да има грешка. Може да остане во кома. Може да се опорави. Може да има болки навек. Може да има психички проблеми. Од многу „може“ само едно е доброто „може“.