На времето имаа КТ. Им цркна. КТ-то беше старо и мислам дека одлучија да не го поправаат. Сум заборавил, но мислам дека им беше цркната цевката.
До сега, значи 5+ години одат на радиологија. Со нивното одење таму, ги оптеретуваат веќе оптеретените три компјутерски томографи. Едниот од нив е на ургентен центар и хирургија, другите два се на радиологија. Најновиот КТ кој е 128 слајсен е греота да се користи за сликање на банални работи. На него треба да се сликаат поспецифични прегледи.
Останува еден кој е максимално оптеретен со преку 50 пациенти дневно. И тој на хирургија е исто така фулл.
Значи потребно е да имаат компјутер на нервна кој ке ги покрива нивните пациенти, најчесто 15 во една смена. Веројатно втора смена ке биде како растеретување на клиниката за радиологија. Незнам, шпекулирам, но тоа ке одлучат накнадно.
+ тие 100 метри не можеш пешки да ги изодиш низ клинички, а камо ли со пациент во кревет, се слагаш, нели?
Што се однесува до читањето на сликите за глава. Имаат они обучен кадар, а дел од докторите кои ке го работат тоа се веќе на обука во Германија.
Во план е и монтирање на КТ и на клиниката за детски болести, но ке видиме што ке излезе од целиот муабет. Се уште се работи на планирање на просториите. И директорката збореше за тоа на некоја емисија по телевизииве.
Многу е подобро дечињата да се сликаат на едно место, одколку да ги влечкаат до радиологија.