Jaс знам кај е, но искрено незнам дали би дозволил некој да чепка по таа регија.
Пре би одел на класични киропрактики него на нешто такво...
Незнам, ептен треба да немаш излез за да се одлучиш за таков чекор.
Јас од мака со кичмата сум одел на разни места, искрено...
Кај Благоја во Прилеп одев неколку пати, поточно три.
Човекот помогна, но болката остана...
Одев на класична физикална терапија, 3 недели во ПЗУ Васка, и физикалната многу многу ми помогна!
Искрено...
После пауза од два три месеци отидов уште еднаш 5 дена. Жената има и ласерче, кое релативно делува на ткивото.
Во мојот случај со хернијата доста допринесе.
После година дена бев на физикална во Воена Болница...
И наредната година отидов верувале или не во НУГА БЕСТ центарот на Рузвелтова...
Можеби сте виделе каква гужва се ствара секојдневно, малку подоле од СЕТ компјутери...
Најповеќе пензионери...
Третманите се одвиваат на традиционален корејски начин, односно инфра црвено зрачење кое се добива од турмалина и кревет кој има механизам за растегнување и масажа на кичмениот столб. Одев околу 60 дена, односно 60 + терапии.
Практично киропрактика со помош на механизмот од креветот.
После тоа почнав да осеќам страшни болки, нормално заради растегнувањето на пршлените. Болката се изгуби после неколку денови, месец да речам.
Многу сум подобар!
Доволно е половина милиметар да се добие меѓу пршленот за да се ослободи нервот!
Единствено е страшна гужва и понекогаш се чека со саати.
За вработени луѓе е многу проблем.
Работат од 8 до 17.
Кој има можност и живци како кабли, слободно нека проба!
Линк за да прочитате ако ве интересира:
http://nugabest-mk.com/