За чист органски мед, без шеќери, глупости и далавери имам комшија кој произведува. Оваа година одма го распродаде целиот, за догодина ако некому му треба јавувајте на време.
Jas sakam 5 tegli, ako moze da se rezervira sega.
edit: ili za 50e vrednost, pa kolku bide bide
[/quote]
Цената оваа година му беше 280 ден/кг со твоја тегла или 300 ден/кг со негова. За 50 евра имаш 10кг мед во случај да му остане истата цена догодина што чисто се сомневам пошто од година во година цената на медот иде нагоре. Јас немам ќар од тоа што го рекламирам човекот, целта ми е да укажам дека навистина се работи за чист, квалитетен органски мед. Кај него сите што земаат нарачки прават со месеци однапред и секој зема на поголеми количини. Годинава земав 70кг за мојата фамилија и 42 кг за пријател од Скопје. Ако не ти е проблем и ако се сетиш следниот Мај - Јуни пиши ми порака, кога ќе правам нарачки за мене ќе направам и за тебе. Јас лично ќе гледам да не те заборавам, и да се деси ќе ти дадам од моите тегли.
Битна работа во врска со медот. Ако некој од пчеларите или некој кој продава мед ви нуди мед да купите од кај него од Октомври па натака знајте дека е голема веројатноста да не е органски мед туку дека се работи за превара, мешавина од мед и шеќер и кој знае уште што. Секој пчелар кој има квалитетен мед го распродава веднаш.