Ова не е прв случај да се тврди дека некој во Индија живеел без јадење и пиење. Претходните случаи
сите до еден се покажале како измама.
Конкретно оваа приказна со овој Прахлад Јани допира во јавноста во 2010 кога некој си индиски доктор Судир Шах вика „еве ја се нафаќам научно да го истражам случајот со Прахлад Јани“. После 15 дена, докторов објавува извештај во кој вика „да, вистина, овој човек ништо не јадеше ниту пиеше 15 дена и ништо не му фали“. Меѓутоа, извештајот пропушта да спомне неколку клучни моменти:
1. Докторот Судир Шах не е непристрасен истражувач, туку посветен следбеник на „учењето“ на Прахлад Јани, длабоко уверен во моќта човек да преживее со сонце и воздух.
2. За време на експериментот, на старецот му е дозволено често да прави гаргара (ахмм...), а после петтиот ден почнал со саати да се бања, а при тоа никој не влегувал во бањата (демек ради приватност)
3. Прахлад Јани живеел во стан со фрижидер. Следбениците на Јани не дозволуваат никому од надвор да ѕирне што има во фрижидерот, освен на „докторов“.
4. Договорот бил Прахлад Јани да биде 24/7 сниман со камера, да не го напушти кадарот ниту еднаш. Меѓутоа, тој често го напуштал кадарот со изговор дека треба да излезе на сонце.
5. После експериментот, на новинарите и заинтересираната стручна јавност не и е приложен
ниту еден доказ за вистинитоста на тврдењата на „докторот“. Се што е понудено е неговото тврдење „стварно жими мајка ништо не јадеше ниту пиеше“.
Со други зборови, овој уште не го провалиле. Претходните јогини кои као живееле без храна и вода - им наоѓале како правеле превари. Најчесто примале храна преку тајни дупчиња.
http://www.skepdic.com/skeptimedia/skeptimedia90.html